Европа
Поради ликвидацијата на новинарот Кучијак, од позицијата разрешен и шефот на словачката позиција

Словачкиот премиер, Петер Пелегрини, постигна договор со шефот на полицијата, Тибор Гашпар, за негово заминување од таа функција.
Словачките граѓани преку протести бараа оставка од Гашпар. Инаку, потестите траат веќе неколку месеци, а на истите се бара спроведување независна истрага на убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница. Демонстраните гледаа на досегашниот шеф на полицијата како главна пречка за откривање на убиецот и налогодавачот на таа ликвидација.
Пелегрини најави дека Гашпар ќе замине од функцијата на 31 мај и наведе дека преку името Тибор Гашпар се напаѓа целата словачка полиција и дека веќе не е во прашање само функцијата шеф на полицијата.
„Шефот на полиција е компетентна личност, која има квалификации да раководи со полицијата. Меѓутоа, увидовме дека околу неговото име се создаде огромен политички притисок, а тоа не е добро. Се договоривме да замине од функцијата на 31 мај“, рече Пелегрини.
Претседателот на Словачка, Андреј Киска, на премиерот привремено му го довери водењето на ресорот за внатрешни работи бидејќи министерот Томаш Друкер поднесе оставка.
Дукер во понеделникот рече дека поднесува оставка бидејќи не нашол причина да го смени шефот на полицијата, а не сака да внесува раздор во словачкото општество, кое бара смена на Гашпар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин