Свет
Поранешен британски генерал: Путин е склон кон ескалација, неопходно е да се воведе зона забранета за летови над Украина
Поранешниот командант на командата на здружените сили, генерал Крис Деверел, на Твитер напиша дека е потребна зона на забранети летови над Украина.
„Бев против наметнување зона на забранети летови од страна на НАТО во Украина, сметајќи дека тоа сигурно ќе го ескалира конфликтот. Но, Путин се чини дека е проклето склон кон ескалација. Значи, прашањето е: дали НАТО се бори со тоа сега или ќе мора да се бори подоцна?“ напиша Деверел.
Тој рече дека зоната на забранети летови треба да се воведе доколку Западот е подготвен да ја поддржи со копнени трупи. Деверел истакна дека Путин веројатно ќе одговори на нуклеарните закани, но дека тие ќе бидат бесмислени.
I have been against the imposition of a no fly zone by NATO in Ukraine, believing that it would surely escalate the conflict. But Putin seems hell bent on escalation. So the question is becoming: does NATO fight him now or fight him later? #SlavaUkraini #NATO #NoFlyZone
— Sir Chris Deverell (@chris_deverell) March 6, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

