Свет
Поранешен пациент избол до смрт лекар на клиника: драма во Германија

64-годишен лекар е убиен во клиниката во Васербург ам Ин, во баварскиот кварт Розенхајм, а за убиството е осомничен маж (40), кој е негов поранешен пациент.
Полицијата го уапсила осомничениот по инцидентот што се случил во понеделникот вечерта.
Според информациите до кои дојде германски „Билд“, лекарот бил избоден до смрт од поранешен пациент.
Медицинскиот персонал се обидел да му укаже прва помош на лекарот, но тој починал од повредите.
Полициската патрола по немилиот настан случајно поминувала во близина на клиниката и го забележала осомничениот со траги од крв.
Полицајците веднаш пристапиле кон апсење на осомничениот.
Според полицијата, осомничениот маж од северна Германија бил уапсен без отпор. Тој е сместен во клиника во областа Минхен и, според полицијата, сега е под постојан надзор.
Полицијата го пронашла и го одзела кујнскиот нож за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е убиен докторот.
Ангажирани се екипи за интервенција во кризи, кои ќе ги згрижуваат роднините и колегите на лекарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пропалестински активисти протестираат пред Белата куќа пред посетата на Нетанјаху

Демонстранти се собраа пред Белата куќа во знак на протест против посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон.
Носејќи палестински знамиња и транспаренти, демонстрантите ги осудија воените акции на Израел во Газа и повикаа на прекин на американската поддршка за Израел.
🛑 Pro-Palestinian groups gather outside White House to protest Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu's visit https://t.co/dhuyUDnveK pic.twitter.com/FeRhGeQKzh
— Anadolu English (@anadoluagency) July 7, 2025
Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговараат за преговорите со Хамас за прекин на огнот, кој се очекува да трае најмалку 60 дена.
Свет
(Видео) Лав избега од куќа во Пакистан, нападна жена и деца, сопствениците уапсени

Драматичен инцидент се случи во источниот пакистански град Лахор кога лав избега од семејна куќа и нападна жена со три мали деца на улица. Според официјалните информации од властите, нападот се случил откако лавот скокнал преку бетонски ѕид и одеднаш се стрчал кон семејството, пишува Би-Би-Си.
Снимката го покажува лавот како брза кон жената додека минувачите бегаат во паника во обид да избегнат опасност. Жената и нејзините деца, на возраст од пет и седум години, претрпеле повреди на рацете и лицето. Тие се во стабилна состојба и се надвор од опасност.
A #pet #lion escaped in Lahore, Pakistan yesterday, attacking a woman and two children on a busy street. Shocking footage shows the big cat leaping over a wall before pouncing on them. The lion was captured and sent to #wildlife park. The owner was arrested. While people can… pic.twitter.com/L8qiWgNag1
— Raza Ahmad Rumi (@Razarumi) July 4, 2025
Полицијата ги уапси сопствениците кои, според извештаите, ги држеле лавовите без дозвола. Тие се обвинети за небрежност и нелегално поседување диво животно во границите на градот. Лавот што го предизвикал инцидентот е фатен и преместен во блискиот парк за диви животни.
„Тие само стоеја таму и гледаа како лавот го напаѓа моето семејство“, рече таткото на повредените деца, додавајќи дека сопствениците не се обиделе да го спречат животното или да им помогнат на жртвите.
Пакистанскиот закон дозволува чување големи мачки како што се лавови, тигри, пуми, гепарди и јагуари, но само ако се регистрирани и се чуваат надвор од урбаните средини. Потребна е и еднократна дозвола, која чини 50.000 пакистански рупии, што е околу 176 американски долари.
По овој напад, властите во пакистанската покраина Пенџаб започнаа со зголемен надзор врз чување диви животни. За само неколку дена беа уапсени пет лица, а вкупно 13 лавови беа запленети.
Во јануари оваа година, пакистанскиот јутјубер Раџаб Бута, кој има повеќе од 5,6 милиони претплатници, доби лавче како свадбен подарок. За нелегално чување на животното, му беше наредено да снима едукативни видеа за благосостојбата и заштитата на животните.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.