Свет
Поранешната шкотска премиерка се огласи по ослободувањето: „Невина сум“
Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен изјави дека била шокирана и под голем стрес кога била уапсена и ослободена вчера додавајќи дека е невина за истрагата за финансиски малверзации на Шкотската народна партија (СНП).
„Знам дека оваа истрага е тешка за луѓето и благодарна сум што многумина продолжија да покажуваат верба во мене. Го ценам тоа, никогаш не би направила ништо за да ѝ наштетам на СНП или на земјата. Очигледно, со оглед на целиот овој процес не можам да навлегувам во детали. Сепак, сакам да го кажам ова – јас сум невина, ништо не сум скрила“, напиша Старџен на „Твитер“.
Таа додаде дека невиноста не е претпоставка и дека е должна да го почитува законот.
„Знам, без трошка сомнеж, дека сум невина, не сум направила ништо незаконско. Многу луѓе ми испраќаа пораки со поддршка во изминатите недели, вклучително и денес. Ви благодарам за вашата добрина. Ви благодарам на моето најблиско семејство и пријателите, кои ми ја даваат потребната поддршка во овој момент. Ќе ми требаат ден или два за да ги процесирам најновите случувања“, додаде таа.
Старџен рече дека планира да се врати во парламентот, каде што ќе продолжи да ги претставува своите гласачи.
Таа беше ослободена од притвор без обвинение во очекување понатамошна истрага откако беше уапсена вчера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израел изврши нови напади со беспилотни летала врз Либан
Денес, израелската армија изврши нов напад во јужен Либан, при што неколку лица беа повредени, според медиумските извештаи, пренесува „Анадолу“.
Официјалната новинска агенција ННА соопшти дека израелски дрон удрил автомобил во близина на градот Бајсарија во округот Сидон.
Update from Southern Lebanon.
Disarming Hezbollah, one terrorist at a time. The problem? They are outpacing us. pic.twitter.com/i0ysLRLmdb— Mossad Commentary (@MOSSADil) November 10, 2025
Не се објавени детали за бројот на жртви. Агенцијата, исто така, наведе дека израелски беспилотни летала летале над регионот Иклим ал-Туфа на средни височини. Нема коментар од израелската армија за медиумските извештаи.
Две лица беа убиени во израелските напади во неделата.
Тензиите во јужен Либан се зголемуваат со недели, при што израелската војска ги интензивира речиси секојдневните воздушни напади врз либанска територија, велејќи дека ги таргетира членовите на Хезболах и нивната инфраструктура.
Израелската војска уби повеќе од 4.000 луѓе и рани речиси 17.000 во своите напади врз Либан, кои започнаа во октомври 2023 година и ескалираа во голема офанзива во септември 2024 година.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Вулкан на Хаваи започна да исфрла лава
Денес, Американскиот геолошки завод ја регистрираше ерупцијата на лава од отворот во кратерот на вулканот Килауеа на Хаваи.
Растопената карпа останува во рамките на Националниот парк Хавајски вулкани и не претставува закана за домовите или инфраструктурата, според соопштението, објавува „Јуронјуз“.
Eruzione di lava al vulcano Kilauea alle Hawaii https://t.co/uXMUCk20n0
— BusallettaInfo (@sulsitodisimone) November 9, 2025
Килауеа исфрла лава во редовни интервали од крајот на минатата година, а научниците забележуваат дека магмата го следи истиот подземен пат до површината.
Вулканот се наоѓа на островот Хаваи, околу 320 километри јужно од главниот град Хонолулу.
Фото: принтскрин
Свет
Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови
Кина ги укина специјалните пристанишни такси за бродовите од САД за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, објави денес кинеското Министерство за транспорт.
Според соопштението на кинеското Министерство за транспорт, собирањето специјални пристанишни такси „ќе биде суспендирано за една година“ од 10 ноември, истовремено со суспендирањето на спроведувањето на релевантните мерки од страна на САД против Кина, како дел од спроведувањето на консензусот постигнат на економските и трговските консултации меѓу Кина и САД во Куала Лумпур во 2025 година, се наведува во соопштението.
На 17 април, американските власти воведоа специјални пристанишни такси за бродовите поврзани со Кина, а како одговор, Кина почна да наплаќа специјални пристанишни такси за американските бродови на 14 октомври.
Овој данок се применуваше на бродови во сопственост или управувани од американски компании, како и на бродови што пловат под американско знаме или се изградени во САД, пренесува Танјуг.
Во понеделникот стапија во сила низа кинески одлуки, со кои се укинаа дополнителните царински давачки за американска стока и извозните контроли за одредени американски компании.
Овие одлуки следеа по неколку рунди кинеско-американски трговски и економски консултации во Куала Лумпур, како и по состанокот меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, што се одржа на 30 октомври во Бусан, Јужна Кореја.
Фото: принтскрин

