Свет
Поранешниот адвокат призна: Јас и Трамп им плативме на порноактерката и манекенката да молчат
Поранешниот долгогодишен личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, се изјасни за виновен за кршење на законот за финансирање кампања и други обвинувања, наведувајќи дека заедно со шефот на Белата куќа организирале исплата на пари на порноактерката и на манекенката од „Плејбој“ за да извршат влијание на претседателските избори во 2016 година.
Коен постигнал спогодба со федералните обвинители и призна вина по осум кривични дела, меѓу кои и за влијание и давање лажни изјави на финансиската институција.
Тој би можел да добие четири до пет години затвор, а казната ќе му биде изречена на 12 декември.
Коен не ги именувал двете жени на кои им биле исплатени пари за да молчат за нивниот однос со Трамп, а не го именувал ниту претседателот на САД, наместо тоа рекол дека соработувал со неименуван кандидат. Сепак, исплатените износи и датуми се поклопуваат со исплатите на порноактерката Сторми Дениелс и манекенката од „Плејбој“, Карен Мегдугал.
Поранешниот адвокат на Трамп рекол дека првата исплата била во координација и по наредба на кандидатот за федерална функција, а дека другата исплата била по наредба на истиот кандидат.
И додека се случуваа двата судски процеси, Тарамп се качи на претседателскиот авион, на пат на собир во Западна Вирџинија, а притоа ги игнорирал дофрлените прашања од новинарите за Коен и Манафорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

