Свет
Поранешниот заменик-шеф на ИДФ: Не му верувам на Нетанјаху, Израел треба да распише нови избори
Поранешниот заменик началник на Генералштабот на ИДФ изјави за Скај њуз дека не верува дека израелската влада прави доволно за да ги врати израелските заложници од заробеништво на Хамас.
Резервниот генерал-мајор Јаир Голан беше на првата линија на одбраната на минатогодишните напади на Хамас врз Израел и со свои очи го виде „масакрот“, „најлошата сцена“ што ја видел во речиси 40-годишното борбено искуство, како што опиша.
Генерал-мајор Голан сега е дел од израелската политика и е претседател на партијата Прогресивни демократи. Тој повикува на нови избори, за кои смета дека треба да се одржат „што е можно поскоро“.
„Не добивам впечаток дека израелската влада толку многу се обидува да ги ослободи заложниците“, рече тој.
„Но, можам да ви кажам дека со ослободување на сите заложници, ќе можеме да постигнеме прекин на огнот на југот. Со прекин на огнот на југ, ќе можеме да продолжиме со прекин на огнот на север, а со прекин на огнот на двата фронта, ќе можеме генерално да го започнеме многу потребниот процес на закрепнување на израелските општеството“, тврди Голан.
На прашањето дали мисли дека Бенјамин Нетанјаху веќе требало да постигне договор за прекин на огнот со Газа, генерал-мајор Голан нема позитивно мислење.
„За жал, не му верувам на Бенјамин Нетанјаху. Не им верувам на ИДФ“, рече Голан за Нетанјаху, кој се соочи со обвинувања за корупција и поткопување на демократијата во земјата пред почетокот на војната во Газа пред една година.
„Имам доверба во израелското општество. Имам доверба во израелските граѓани, прекрасни граѓани кои успеаја да се опорават на многу импресивен начин“, заклучи Голан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

