Свет
Поранешниот министер за земјоделство на Индонезија осуден на 10 години затвор за корупција

Поранешниот индонезиски министер за земјоделство, Сијахрул Јасин Лимпо, денеска беше осуден на десет години затвор по осудувањето за корупција, изнуда и злоупотреба на власта, соопшти судот.
Овој случај го наруши кредибилитетот на претседателот Јоко Видодо во неговата борба против корупцијата, пренесе АП.
Уште пет члена на неговата влада беа осудени на затворски казни за корупција фрлајќи сенка врз напорите на претседателот да ги исчисти редовите на владата пред крајот на неговиот мандат во октомври, соопшти агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена од Мјанмар спасена од урнатините по 30 часа

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1.600, додека спасувачите очајнички ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани лица. Повредени се повеќе од 3.400 луѓе.
Водачот на војската на Мјанмар прогласи вонредна состојба и побара секој кој може да помогне да излезе. ОН веќе се во контакт со властите. Според податоците, епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, афтершок со јачина од 6,4 ја погоди областа.
Спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на урната станбена зграда во Мандалеј денеска, 30 часа по разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар, јавија новинарите на агенцијата Франс прес (Франс прес).
Триесетгодишната Фиу Леј Каинг беше извлечена од урнатините, а потоа на носилки ја однесоа кај нејзиниот сопруг Је Аунг, кој ја прегрна пред да биде пренесена во болница, пренесува АФП.
„Искрено, на почетокот не верував дека таа сè уште е жива“, рече Је Аунг додека чекаше неговата сопруга да излезе од под срушените делови на зградата.
„Пресреќен сум што ја слушнав добрата вест“, додаде трговецот, кој со Фју има два сина – осумгодишниот Вилијам и петгодишниот Итан.
Претходно, претставник на Црвениот крст изјави за АФП дека повеќе од 90 луѓе сè уште може да бидат закопани под остатоците од урнатата зграда.
Свет
Се урна контролната кула на аеродромот во Мјанмар

Кулата за контрола на летање на меѓународниот аеродром Најпитав во Мјанмар се урна за време на вчерашниот земјотрес, покажуваат сателитски снимки кои ги анализира Асошиетед прес.
Невладината организација Каритас Австралија, која работи со партнери во Мјанмар, исто така извести дека кулата е целосно урната и дека загинале сите вработени кои тогаш биле на должност.
Регион
Во повеќе градови во Бугарија големи протести против злоставувачите на животни: „Сакаме затвор, а не парични казни“

Во повеќе градови во Бугарија и денес се одржа сенароден протест за одбрана на животните.
Во Софија незадоволните граѓани кренаа плакати: „Доживотен затвор за изродите“, Стоп за злоупотреба на животни, Затвор за убијци на животни“.
Демонстрантите повторно побараа затвор за злоставувачите на животни, а не парични казни. Тие носеа и натписи: „Нема оправдување за оваа тортура“.
Во Бургас се одржа втор протест против насилството во сите негови форми. Пред зградата на судот, стотици граѓани, заедно со нивните миленици, се собраа да побараат правда, пренесе „БГНЕС“.
„Ова мора да престане! 360 случаи, 9 обвинети, смешни казни! Потребна ни е контрола, регистар на продадени животни, вистинска превенција и буџет за обука на специјализирани служби. Но што е најважно – треба да знаеме кој ги одложува овие промени ма цивилизирано општество!“, изјави организаторот на протестот Николај Ќучуков.
Во Благоевград десетици луѓе со своите миленици се собраа пред Судската палата со барања да не се игнорираат инцидентите на злоупотреба на животни и сторителите да добијат правична казна.
Во Варна, демонстрантите се собраа пред зградата на општината, а потоа мирно маршираа до Плоштадот на независноста во градот. Луѓето скандираа и држеа плакати со натписи: „Не за агресијата кон бездомните животни“ и „Тие умираат без своја вина“.
Демонстрантите се надеваат дека реакцијата на јавноста ќе донесе правични казни за насилниците, законски измени во корист на животните и нетолеранција кон агресија и насилство во која било форма.
„БГНЕС“ потсетува дека 26-годишната Габриела Сашова и 35-годишниот Красимир Георгиев се обвинети дека за пари снимиле страшни видеа на злоставување животни. Окружниот суд Перник ги стави двајцата обвинети во притвор.
Сашова и Георгиев ги снимале бруталните видеа во име на „клиенти“ од целиот свет и примале плаќање во криптовалути и преку разни онлајн платформи.