Свет
Поранешниот претседател на Киргистан обвинет за убиство на војник од специјалните сили

Бројни тешки обвиненија се поднесени против поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбајев, вклучително и за убиство на војник на киргистанските специјални сили, изјави началникот на Одделот во канцеларијата на државниот јавен обвинител на Киргистан, Замир Бејшекеев, пренесува ТАСС.
Според Бејшекеев, поранешниот претседател е обвинет и за употреба на сила против полициски службеници, организирање масовни немири и за држење заложници.
Операцијата на киргистанските специјални сили за приведување на поранешниот претседател, обвинет за корупција и лишен од имунитет, траеше речиси 24 часа бидејќи полициските службеници се соочија со силен отпор од приврзаниците на Атамбајев, кои ја бранеа неговата резиденција во населбата Кои-Таш.
Во операцијата е убиен војник на специјалните сили, додека над 100 лица се здобиле со повреди. Киргистанскиот претседател Соронбај Јенебеков рече дека Атамбајев го прекршил уставот на земјата, давајќи вооружен отпор на агенциите за спроведување на законот. Поранешниот претседател е во притвор каде што ќе остане до 26 август.
Атамбајев беше киргистански претседател во периодот од 2011-2017 година. Тој беше првиот шеф на државата што се повлече од функцијата по истекот на мандатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Саудијците го пречекаа Трамп како крал – му купија и мобилен „Мекдоналдс“

Саудиска Арабија подготви раскошен пречек за американскиот претседател Доналд Трамп во Ријад, каде што тој слета денес, буквално на тепих од лаванда.
Во 2021 година, Саудиска Арабија го замени традиционалниот црвен тепих со лаванда, наведувајќи дека бојата е инспирирана од „природното наследство на Саудиска Арабија“, имено сезонските цветања на лаванда во пустинските региони на земјата.
Саудиска Арабија очигледно се погрижи на американскиот претседател ништо да не му недостасува за време на неговата посета на Блискиот Исток, дури ни неговата омилена брза храна.
Според американските медиуми, Саудијците обезбедиле мобилен ресторан на „Мекдоналдс“ во случај Трамп да не стигне до една од многуте постоечки филијали во земјата.
Yes, it’s a mobile @McDonalds here in Riyadh. pic.twitter.com/Y6T2EBDbQf
— Mordechai Wagenheim (@Mike_Wagenheim) May 13, 2025
Трамп е познат по својата склоност кон брза храна, а за време на кампањата дури и им служеше на гостите во „Мекдоналдс“ во Пенсилванија.
Но, разликата во протоколот беше видлива и на друго ниво, политичкото.
За разлика од посетата на поранешниот американски претседател Џо Бајден во 2022 година, кога саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман испрати делегација да го пречека на аеродромот, Трамп денес беше лично пречекан од бин Салман на скалите од претседателскиот авион.
Да потсетиме дека пред да пристигне во Саудиска Арабија, Бајден изјави дека ќе го „изолира кралството“ поради убиството на новинарот Џамал Кашоги и кршењата на човековите права. Трамп, од друга страна, одржува блиски политички и деловни врски со кралското семејство уште од својот прв мандат.
Свет
Трамп ги укина санкциите за Сирија : „Со среќа Сирија, покажи ни нешто многу посебно“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес објави дека ќе нареди укинување на санкциите врз Сирија на барање на саудискиот престолонаследник, што е огромен поттик за привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шари и неговите напори за стабилизирање на земјата разорена од војна.
Трамп го објави ова ненадејно за време на регионалната турнеја што ја започна во Саудиска Арабија. Белата куќа објави дека Трамп ќе биде пречекан од ал-Шари за време на неговата посета на Саудиска Арабија, што укажува дека средбата меѓу американскиот претседател и поранешниот командант на Ал Каеда, кој помина пет години во американски затвор во Ирак, ќе се одржи во среда.
САД воведоа строги санкции врз Сирија за време на владеењето на Башар ал-Асад и ги одржуваат на сила откако ал-Асад беше соборен од власт во декември по повеќе од 13 години војна.
Трамп рече дека ќе ги укине сите санкции врз Сирија, објаснувајќи дека тие имале важна функција, но дека сега е време Сирија да продолжи напред.
„Ќе наредам укинување на санкциите против Сирија за да им дадам шанса да успеат“, рече Трамп на инвестициски форум во Ријад.
„Нивно време е да блеснат“, рече Трамп. „Со среќа Сирија, покажи ни нешто многу посебно“, рече американскиот претседател.
Ал- Шари беше лидер на официјалното крило на Ал Каеда во сирискиот конфликт со години, пред да ги прекине врските со глобалната џихадистичка мрежа во 2016 година.
Хајат Тахрир ал-Шам, групата предводена од ал-Шари, која официјално беше распуштена во јануари, е прогласена за терористичка организација од САД и ОН.
Свет
Русија потврди дека ќе оди на преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пак, се обрати вечерва во видео на платформата X. „Во тек се итни интервенции по нападот со руски беспилотни летала врз Харков. Уште еден напад врз енергетски објект – исклучиво цивилен. Русија останува она што е“, рече Зеленски.
„Додека сите чекаат одговор од Русија на предлогот за примирје и директни преговори, тие одговараат со нови удари и напади. Затоа е неопходен притисок“, рече тој.
Зеленски потврди дека украинскиот тим активно се подготвува за преговори во Турција и дека ставот на Украина денес им бил презентиран на сите партнери.
„Путин е оној кој одлучува за сè во Русија, па затоа тој е оној кој мора да ја запре оваа војна. Ова е негова војна. Затоа, преговорите мора да бидат со него“, рече Зеленски.
Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, изјави дека не верува оти средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи оваа недела во Турција.