Свет
Поранешно олимписко село во Италија стана мигрантска зона водена од левичарите
Поранешното олимписко село во северниот италијански град Торино стана забранета област според извештаите во кои се вели дека таа е полна со мигранти и дека полицијата не влегува во неа.
Трите згради во селото беа изградени за да се сместат спортисти за време на зимските олимписки игри во 2006 година, но сега сè повеќе се користат од новодојдените мигранти благодарение на левичарските активисти и нивните т.н. социјални центри, пишува „Ил џорнале“.
Околу 95 отсто од жителите во селото се мажи на возраст од 25 до 35 години и доаѓаат главно од Нигерија, Гамбија и од Мали. Голем број од нив се нелегални мигранти. Крајнолевичарските активисти веќе неколку години ја окупираат областа и соработуваат со нелегалните мигранти во отпорот кон какви било обиди за евакуација на нелегалните доселеници.
Напуштениот поранешен крајбрежен туристички центар „Кастел Волтурно“ северно од Неапол во голем дел е преземен од нигериски организирани криминални банди што работат со дрога и проституција.
„За некои луѓе тоа е гето, за другите е безбедносен проблем, а за нас, едноставно, е дом. Од тука не заминуваме“, напиша на „Фејсбук“ еден активист што живее во областа.
Објавата беше критикувана од сопственикот на еден хотел во близина, кој рече:
„Но, што има за славење, прославиме? Прочитајте ги освртите на интернет-страниците. Тие пишуваат дека тука е како во Бронкс“ и додаде дека работата му се намалила 30 отсто.
Областа, позната и како Мои, е дувло за нелегални активности, вели локалниот левичарски политичар од Демократската партија, Давиде Рика.
Торино не е единствениот италијански град со дивонаселени мигранти. Во Рим, подрачјето на Сан Лоренцо беше место на убиство на 16-годишното девојче Дезире Мариотини од неколкумина мигранти, кои наводно ја дрогирале и ја силувале пред да умре од предозирање. Концептот на забранети зони е релативно нов феномен во Италија, но во Шведска постои со години и покрај тврдењата на медиумите за спротивното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија и Катар повикуваат на прекин на војната
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, телефонски разговараше за американските и израелските напади врз Иран со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, соопшти руското МНР.
Лавров и шеикот Мохамед повикаа на прекин на какви било воени дејствија што би можеле да го дестабилизираат регионот, се вели во соопштението.
„Постои општ консензус за потребата од итно враќање на политичкиот и дипломатскиот процес со цел решавање на сите прашања меѓу Соединетите Држави, Израел и Исламската Република Иран врз основа на принципите на Повелбата на ОН и Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.

