Свет
Порасна бројот на жртвите од поплавите во Индонезија
Бројот на жртвите во поплавите и свлечиштата околу главниот град на Индонезија, Џакарта, се искачи на најмалку 21, соопштија властите, предупредувајќи на обилни дождови што се очекуваат во наредните денови.
Овие поплави, најсмртоносни во последните години, раселија повеќе од 30.000 луѓе, блокираа патишта и ја прекинаа електричната енергија во некои делови, предизвикувајќи хаос во делови од најголемиот град на Југоисточна Азија.
Портпаролот на Министерството за социјални работи потврди дека бројот на загинатите достигнал се искачил на 21 лице, пренесува „Ројтерс“.
Џакарта и градовите во близина се поплавени откако обилниот дожд падна на 31 декември, и продолжи и наредниот ден. Индонезиската агенција за геофизика и за денеска предвидува дожд, придружен со грмежи и засилен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.