Европа
Портпаролот на Путин: Западот нѐ принуди во војна, имаме еден услов за преговори

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека не може да се размислува за решавање на украинскиот конфликт без да се разговара за безбедноста на Русија. Тој зборуваше за ова, како услов за преговори за ставање крај на војната во Украина, во вчерашното интервју за рускиот Канал 1.
„Прашањето за безбедноста на Русија е една од главните грижи на нашата земја. Ова е прашањето што веројатно доведе до појава на овие несогласувања. Европејците и Американците одбија да го решат преку преговори, што ја принуди Русија да започне специјална воена операција“, рече Песков. „Затоа, се разбира, невозможно е да се зборува за решавање на украинската криза без да се разговара на оваа тема“, истакна портпаролот на Кремљ.
Песков, исто така, објави дека за време на неодамнешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, и двајцата изразиле уверување дека проблемите можат и мора да се решат преку дијалог.
„Украинскиот конфликт може и мора да се реши со мирни преговори. Тоа е веројатно најважното“, заклучи Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.