Европа
Постепено почнуваат отворањата во Италија

Во Италија, по неколкунеделна блокада поради пандемијата на коронавирусот, во која животот го загубија повеќе од 20.000 луѓе во земјата, од денес постепено почнуваат отворањата и покрај спротивните ставови на регионалните лидери.
Од денес, покрај продавниците со прехранбени артикли и аптеките, ќе работат и продавници, како што се книжарници и продавници за детска облека.
Во Италија рестриктивните мерки што го ограничуваат движењето на луѓето се продолжени до 3 мај, меѓутоа, првиот чекор по римокатоличкиот велигденски понеделник, 13 април, се однесува на постепените деловни активности и оваа одлука наиде на спротивставени ставови на лидерите на одделни региони.
Лидерите на Ломбардија и Пиемонт, кои се меѓу најтешко погодените региони од вирусот Ковид-19, се меѓу оние што се спротивставија на одлуката на италијанската влада, па книжарниците и продавниците за хартија и понатаму ќе бидат затворени во тие региони.
Според новиот правилник што стапува во сила во Венето, граѓаните задолжително треба да носат заштитни маски и ракавици или да имаат гел за дезинфекција со нив надвор од својот дом, дозволено е да се занимаваат со спортски активности во непосредна близина на нивниот престој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Сè оди според планот, наскоро ќе му претставиме на светот ново оружје

Рускиот претседател Владимир Путин одржа прес-конференција по посетата на Душанбе, каде што рече дека Русија се држи до договорот постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, објави руската државна новинска агенција РИА Новости.
„Се договоривме со Доналд дека ќе морам да размислам и да разговарам со нашите колеги и сојузници во Москва. И тој ми го кажа истото. Ова се сложени прашања што бараат понатамошно разработување, но ние се држиме до дискусијата што се одржа во Анкориџ“, рече рускиот лидер.
Тој нагласи дека сè уште постои можност за зачувување на Договорот за намалување и ограничување на стратешкото оружје (СТАРТ).
„Дали овие неколку месеци ќе бидат доволни за да се донесе одлука за продолжување? Мислам дека ќе биде доволно, ако има добра волја (од САД) за продолжување на овие договори“, рече тој.
Сепак, ако САД одлучат дека не се заинтересирани за зачувување на договорот, Путин тврди дека ништо критично нема да се случи. „Во овој поглед, сè оди според планот за нас“, рече тој.
Според него, трката во вооружување е веќе во тек, а некои земји се подготвуваат за нуклеарни тестови. Тој најави дека Русија наскоро ќе ги обнови своите арсенали.
„Ја завршуваме работата и мислам дека наскоро ќе имаме можност да го објавиме новото оружје што порано го најавувавме“, вети Путин.
Путин, исто така, коментираше за фактот дека Трамп сè уште не ја добил Нобеловата награда за мир, нагласувајќи дека американскиот лидер вложува големи напори за прекин на конфликтите низ целиот свет.
„Имало случаи кога комитетот ја доделил Нобеловата награда за мир на луѓе кои не направиле ништо за мирот. Според мене, со овие одлуки тие предизвикале огромна штета на авторитетот на наградата“, рече тој.
фото: принтскрин
Европа
Макрон го врати на функцијата премиерот кој поднесе оставка по само еден ден

Францускиот претседател Емануел Макрон го повторно назначи Себастијан Лекорну за премиер, само неколку дена откако ја прифати неговата оставка по падот на неговата влада што траеше само една ноќ. Елисејската палата ја потврди веста, објави Си-ен-ен.
Со изненадувачкиот потег завршува една недела драматични превирања во француската политика.
Лекорну го објави својот кабинет доцна во неделата, но беше јавно критикуван од неговиот министер за внатрешни работи истата вечер. Тој поднесе оставка во понеделник наутро, која Макрон ја прифати, само за претседателот да се предомисли и да го задолжи да го пронајде својот наследник во рок од 48 часа преку итни разговори со политичките ривали.
И покрај овие напори, Макрон се чини дека решението за политичката криза и честите промени на премиерите го гледа во старо-ново име.
фото: принтскрин
Европа
Макрон не сака да назначи левичарски премиер: „Сето ова ќе заврши многу лошо“

Кризниот состанок со политичките сили организиран од францускиот претседател Емануел Макрон не донесе никаков напредок по левицата, оставајќи ја земјата во подлабока криза пред очекуваното назначување на нов премиер.
„Заминуваме без никаков одговор на ништо, освен ако следниот премиер кој треба да биде назначен во наредните часови не е од нашиот политички табор (левицата)“, изјави лидерката на Зелените, Марин Тонделиер, по состанокот што траеше речиси два и пол часа.
„Сето ова ќе заврши многу лошо“, додаде таа, предвидувајќи евентуално распуштање на парламентот. Нема „јасен одговор“ од шефот на државата, рече Оливие Форе, лидерот на социјалистите, кој побара назначување на премиер од нивните редови.
Макрон вети во среда дека ќе именува премиер до петок навечер откако Себастијан Лекорну поднесе оставка во понеделник.
фото: принтскрин