Свет
Потврдена смртта на киднапираната израелско-американска државјанка, нејзиното тело го држи Хамас во Газа
Џудит Вајнштајн, американско-израелската државјанка, била убиена за време на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври и нејзиното тело е во Газа. Пред помалку од една недела, беше објавено дека нејзиниот сопруг Гади Хагаи починал во заробеништво откако бил киднапиран од членовите на милитантната група Хамас, а неговото тело го држат терористи.
Хагаи и Вајнштајн, двајцата со двојно израелско-американско државјанство, биле на нивната утринска прошетка кога околу нив одекнале пукотници на 7 октомври. Тие се засолниле на поле.
Двајцата со години живееле во Израел. Имаат четири деца и седум внуци. Џудит предавала англиски јазик и работела со деца со посебни потреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД драстично ги зголемија царините за кинеските производи
Белата куќа објави дека значително ги зголемува царините за кинеските производи, во вкупна вредност од 18 милијарди долари, за да ги заштити американските компании и работници од конкуренцијата која Вашингтон ја смета за нефер.
Новите тарифи се однесуваат на десет индустриски сектори кои се сметаат за „стратешки“, како што се полупроводници, ретки минерали, медицински производи, електрични возила, на кои, на пример, тарифата ќе се зголеми од 25 на 100 проценти.
Царинските тарифи што ги воведе поранешниот претседател Доналд Трамп за кинески стоки сè уште остануваат на сила, а администрацијата на претседателот Џо Бајден само дополнително ги зголеми, за електрични возила дури четири пати – и сега изнесуваат 100 проценти, објави Белата куќа.
Како објаснување, администрацијата наведе „неприфатливи ризици за американската економска безбедност“ од евтините кинески производи кои го преплавија пазарот.
Регион
Вархеји: Србија да продолжи со усогласување на визната политика со ЕУ
Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји, изјави дека е важно да се продолжи со усогласување на визната политика на Србија со визната политика на Европската унија. Тој ова го изјави во Белград на средбата со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Имајќи ја предвид улогата на МВР, како и добрата соработка со европските институции во претходниот период, министерот Дачиќ посочи дека меѓу приоритетите на Србија се сузбивањето на нерегуларната миграција и заштитата на државната граница како и борбата против шверцот и трговијата со луѓе.
Дачиќ подвлече дека Србија е подготвена да ја крене на повисоко ниво својата соработка со европските партнери, да работи на прашањето за илегалната миграција и постепено да ја усогласува својата визна политика со политиката на ЕУ.
Регион
Припадничка на косовската полиција пронајдена мртва во куќа во Гњилане
Припадничка на полицијата на Косова, чиј идентитет не е соопштен е пронајдена мртва во нејзината куќа во Гњилане.
Полицијата соопшти дека починатата имала 46 години и дека нејзиното безживотно тело го пронашла полициска патрола околу 11.45 часот.
Исмет Хасани, портпарол на косовската полиција за регионот Гњилане рече дека полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот каде го пронашла безживотното тело на нивната колешка.
Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна по завршување на истрагата која е во тек.