Контакт

Свет

Потпретседателот на САД се сретна со папата Лав во Ватикан

Објавено пред

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, денес се сретна со папата Лав XIV во Ватикан, соопшти прес-службата на Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Американскиот државен секретар Марко Рубио исто така беше присутен на аудиенцијата, како и сопругите на двајцата функционери, објави „Анса“.

Потоа Венс се сретна со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар на Ватикан за односи со државите и меѓународните организации.

Свет

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Објавено пред

Од

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат, откако Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најсериозниот воен злосторник на нашето време“.

dobivaj vesti na viber

Во интервју емитувано вчера, Мерц нагласи дека „нема простор за попустливост“ за таквите луѓе.

Русија ги отфрла сите обвинувања дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина или дека Путин издал наредби што би можеле да се сметаат за воени злосторства.

На прашањето на новинарите за време на посетата на Кина за предлогот на Мерц за одржување мировни преговори во Женева, портпаролот Дмитриј Песков рече дека речиси е невозможно да се земат предвид ставовите на Мерц по неговите неодамнешни изјави.

Иако Мерц претходно ја обвини Русија како држава за „сериозни воени злосторства“ и „тероризам против цивилното население“ за време на неговиот мандат како канцелар, директното етикетирање на Путин како потенцијално најлош воен злосторник на нашето време означува невидена ескалација во неговата реторика.

Коментарите на Мерц доаѓаат во време кога продолжуваат меѓународните правни постапки против Путин. Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател под сомнение за нелегално депортирање деца од Украина.

Постоењето на налогот за апсење значително ги комплицира дипломатските напори. На пример, австриското Министерство за надворешни работи неодамна соопшти дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу украинските и руските лидери. Виена посочи дека би можела да се консултира со Меѓународниот кривичен суд за да се избегне апсењето на Путин за време на евентуална посета.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Шји Џинпинг: Кина стои непоколебливо на вистинската страна на историјата

Објавено пред

Кинескиот претседател Шји Џинпинг во говорот на собирот по повод годишнината од Втората светска војна рече дека денес човештвото повторно е предизвикано помеѓу мир и војна, дијалог и конфронтација.

dobivaj vesti na viber

„Кинескиот народ стои непоколебливо на вистинската страна на историјата, на страната на цивилизацијата и напредокот на човештвото, решително чекори по патот на мирен развој и работи заедно со остатокот од светот за да изгради заедница со заедничка иднина за целото човештво“, рече тој, според Кинеската медиумска група (CMG).

„Историјата нè предупредува дека судбината на човештвото е испреплетена и дека сите држави и сите нации ќе можат да ја зачуваат заедничката безбедност, да ги искоренат коренските причини за војната, како и да избегнат повторување на трагедијата, само ако се однесуваат едни кон други подеднакво, мирно коегзистираат и си помагаат едни на други“, додаде тој.

Историските факти, изјави тој, носат товар од минатото, но исто така даваат инспирација за иднината.

„На патот кон новата ера, членовите на сите етнички групи во земјата треба, под решително водство на Комунистичката партија на Кина, инсистирајќи на марксизмот и ленинизмот, мислите на Мао Це Тунг, теоријата на Денг Сјаопинг, и погледот на научниот развој, сеопфатно да ја реализираат мислата за социјализмот со кинески карактеристики во новата ера, непоколебливо да го следат патот на социјализмот со кинески карактеристики, да го наследат и пренесат големиот дух на војната на отпорот, да работат упорно и храбро напред, како и да се борат заедно за изградба на моќна држава во секој аспект, преку модернизација во кинески стил, но и за целта на големото подмладување на кинеската нација“, рече кинескиот лидер.

Тој додаде дека процесот на големо подмладување на кинеската нација е незапирлив и дека благородната работа за мир и развој на човештвото сигурно ќе победи.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: Русија бара меѓународно признавање на анектираните украински територии

Објавено пред

За да се обезбеди траен мир, Русија бара украинските области анектирани од Москва да бидат меѓународно признати како дел од нејзината територија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денес.

dobivaj vesti na viber

Рускиот претседател Владимир Путин побара од Киев да ѝ предаде четири украински региони на Русија, чија анексија беше објавена во септември 2022 година, покрај Крим анектиран во 2014 година, и Украина да се откаже од своите планови за влез во НАТО. Ова се неприфатливи услови за украинските лидери и нивните западни сојузници.

Украина бара руската армија целосно да се повлече од својата територија. Русија окупира речиси 20 проценти од Украина.

„За мирот да биде траен, новите територијални реалности што се појавија треба да бидат признати и формализирани во согласност со меѓународното право“, рече Лавров во интервју објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Неговиот украински колега Андриј Сибига бргу реагира на овие изјави:

„Нова серија, стари ултиматуми. Русија не ги промени своите брутални цели и не покажува расположение за значајни преговори“, напиша тој на социјалните мрежи.

Тој додаде дека ова докажува оти „апетитот на агресорот се зголемува само кога не е подложен на притисок и сила“.

„Време е да се справат со руската воена машинерија и да се воведат строги нови санкции“, додаде тој.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат, откако...

Македонија50 минути

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија55 минути

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија3 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија3 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ4 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија4 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија4 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет6 часа

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа6 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет7 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Шји порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа7 часа

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа7 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија16 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија19 часа

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија21 час

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија22 часа

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија1 ден

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија1 ден

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...