Свет
Потресна приказна од Бахмут – Максим го спасил брат му од сигурна смрт, а потоа бил застрелан
Максим се борел 200 часа за живот кога бил застрелан од руски снајперист во градот Бахмут, по што починал.
Неговата мајка Лилја го нарече Бахмут „пекол“, и тоа со добра причина. Еден од нејзините синови бил убиен во овој град, додека друг бил тешко ранет. Нејзината единствена утеха е што едниот син починал спасувајќи го животот на другиот, пишува Би-Би-Си.
Максим и Иван доброволно се пријавиле да се борат кога Русија ја нападна Украина минатиот февруари. Максим тогаш имал 22 години, а Иван само 18.
„Тој секогаш беше со мене и јас со него. Тој беше мојата омилена личност“, вели Иван, додавајќи дека биле неразделни.

Последните заеднички моменти ги поминале во бруталните битки за Бахмут.
„Невозможно беше да се спие таму. Не напаѓаа 24 часа“, вели Иван.
Иван се сеќава на моментот пред да биде ранет.
„Го наполнив оружјето. Излегов од зад ѕидот и видов блесок. Се парализирав и паднав“,вели тој.
Тогаш на лицето ја почувствувал топлината на крвта што му течела од повредите. Мислел дека нема да преживее. Но Максим истрчал да го спаси и го влечел назад да го покрие.
„Ме оживеа, ми ги извади скршените заби и почна да ми дава прва помош“, се сеќава Иван.
Иван не се сомневал дека ќе умрел без помошта на Максим.
„Брат ми не ме остави да умрам. Ме спаси“ вели тој.
Ukraine war: ‘My brother saved my life – but lost his own’ https://t.co/cvYmAVHo4c
— BBC News (World) (@BBCWorld) May 25, 2023
Максим преку радио повикал помош. Но, првиот тим на болничари кои се обиделе да стигнат до него загинале во нивното возило кога биле погодени од руски противтенковски проектил. Поминале уште девет часа пред да успеат да го спасат Иван, а потоа дошол чинот на самопожртвуваност на Максим. Наместо да оди на безбедно со својот брат, тој доброволно се пријавил да остане во Бахмут, да ја води нивната единица. Една недела подоцна Максим бил убиен од руски снајперист.
Во Украина, погребите на војниците станаа секојдневие како звукот на артилерија на фронтот. Но, не се сите погреби како оној на Максим. Заедно со неговото ужалено семејство, целиот град Томакивка излезе да му оддаде почит, пишува „Би-би-си“.
Последната година, родителите на Максим и Иван ги преживувале битките на нивните синови секојдневно. Непроспиени ноќи имале и Лилја и Серхиј – нетрпеливо чекајќи да им се јават синовите. Честопати добивале само кратка и смирувачка порака: „Добро сме, мамо“.
Но, потоа стигнала страшната вест.
„Се уште не можеме да веруваме. Душата ми е скршена“, изјавила Лилја по погребот и додала дека нејзиниот Иван сега е нејзината единствена причина да продолжи да живее.

Таа рече дека Максим имал можност да замине со Иван, но оти не сакал да ги остави своите помлади и помалку искусни соборци.
„Тој е херој. Тој е ангел. Тој е сонце. Никогаш не би го оставил својот брат иако знаел дека и самиот ќе умре“, рекла таа.
Украина не сака да соопшти колку животи се загубени во оваа војна. Но, еден поглед на гробиштата покажува дека целата земја плаќа многу висока цена.
Овие мали гробишта во мал град имаат редови свежо ископани гробови опкружени со цвеќиња. Погребот на Максим бил еден од трите воени погреби што ги спровел локален свештеник таа недела.
За Роман, кој и самиот бил војник пред да биде ракоположен, овој погреб бил потежок од другите. Тој е семеен пријател и се молел со родителите на Максим и Иван за безбедно враќање на нивните синови кои ги познавал.
– Често морам да закопувам војници, но никогаш моите пријатели – рекол Роман.
На погребот, Иван сè уште го држел во рака украинското знаме што го носел кога бил ранет.
– Сфативме дека можеби нема да се вратиме, но чест е да се бориме за Украина. Затоа никако не се каам. Брат ми го даде животот за нашата слобода. За жал, слободата доаѓа со крв – рече Иван.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во рафинерија за нафта во Хавана
Пожар вчера избувна во рафинеријата за нафта „Нико Лопез“ во Хавана, што ќе ја влоши кризата со гориво во Куба, предизвикана од ембаргото на САД.
Најголемата рафинерија е сместена во пристаништето во Хавана, каде пред два дена пристигнаа два мексикански бродови со повеќе од 800 тони хуманитарна помош.
Сè уште е непознато дали огнот ги зафатил резервоарите за складирање на нафта.
Куба уште од 1962 година е под американско ембарго, поради што земјата е во економска криза, а се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостиг на гориво, лекови и храна. Ситуација се вложи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе фи стопира сите испораки на нафта за Куба и ќе воведе царини за секоја држава која ќе испорача нафта за Хавана.
Со приведувањето на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на американските сили, Куба го изгуби најважниот сојузник и најголемиот извор на нафта. Повеќе недели на Куба не пристигнал ниту еден танкер со нафта.
Поради кризата со гориво затворени се универзитети, училиштата работат со скратено време, редуциран е јавниот транспорт и е ограничена продажбата на гориво. Исто така и болниците работат со намален персонал.
Трамп минатиот месец изјави дека Куба се движи кон пропаст и ја повика Хавана да склучи договор „пред да биде предоцна“. Тој сака промена на кубанскиот режим.
Обединети нации синоќа изразија загриженост поради кризата на Куба.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.

