Свет
Почина лекар од коронавирус во Франција
Регистриран е првиот смртен случај на лекар заразен со коронавирус во Франција. Министерот за здравство Оливие Веран не прецизираше во кој регион работел лекарот, поради почит кон медицинската доверливост и кон семејството.
Медиумите објавуваат дека жртвата е лекар за итни случаи од Компиењ, во Оаз, едно од првите жаришта што се најпогодени во Франција, а починал по неговото пренесување во Лил.Франција е можно да ги продолжи мерките за останување дома на четири недели.
Во Франција во последниве 24 часа беа регистрирани 112 нови смртни случаи, со што бројот достигна 562, наспроти 450 во петокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански и европски дипломати разговараат за нуклеарната програма на Техеран
Европски и ирански дипломати се сретнаа денеска во Женева за да ја разгледаат можноста за одржување сериозни разговори за спорната нуклеарна програма на Техеран пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари.
Состанокот во Женева, прв по изборите во САД, дојде откако Техеран негодува за резолуцијата поддржана од Европа, донесена минатата недела, во која се критикува соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), објави „Ројтерс“.
Трамп, кој за време на претходниот мандат го напушти нуклеарниот договор со Иран по курс на максимален притисок за слабеење на иранската економија, во својата нова администрација вклучи функционери познати по својот строг однос кон Иран, наведува британската агенција.
Регион
Ученик се обидел со запалка да му ја запали косата на првоодделенец во училиште во Нови Сад
Училишниот полицаец на 13 ноември пријавил во полиција во Нови Сад дека ученик со запалка му ја запалил косата на седумгодишен ученик, а претходно тоа го правел и со рачката во тоалетот, потврдиле за РТС од српаската полиција
За овој инцидент од Обвинителството велат дека нема елементи на кривично дело.
Овој инцидент се случил во основно училиште во Нови Сад.
Медиумите јавуваат дека станува збор за уште еден случај на насилство, во кое ученик од петто одделение малтретирал првоодделенец, а другите деца собрани наоколу гледале.
На социјалните мрежи се објавени наводни фотографии и изјави на родителите на малтретираното момче, пишува РТС.
Свет
Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк
Руското Министерство за одбрана соопшти дека единиците на руската армија постигнале значителен напредок во Донецката Народна Република (ДНР).
Офанзивните операции резултираа со заземање на стратешките населби Воровскоје и Раздољноје, што претставува важен чекор кон понатамошен напредок на клучните рути.
Единиците на армиската група „Центар“ ја окупираа населбата Воровское, позната и како Јурјевка, како дел од пошироката офанзива кон Покровск.
Оваа акција дополнително ги зајакнува позициите на руската армија на северните делови на фронтот и отвора можности за натамошно стратешко напредување.
На правецот Јужен Донецк борците на групата „Исток“ го зазедоа населеното место Раздољноје.
Оваа операција ја зајакнува контролата на руската армија во јужниот сектор на ДНР и придонесува за консолидација на територијата во овој регион.
Успехот на руските сили во заземањето на Воровское и Раздољноје го потврдува продолжувањето на офанзивните операции во Донецката Народна Република.