Свет
Почина најпознатиот будистички монах во светот, го нарекуваа „таткото на свеста“
Тич Нат Хан, зен-будистички монах, поет и мировен активист, кој стана познат како противник на Виетнамската војна во 1960-тите, почина денеска на 95-годишна возраст опкружен со свои следбеници во храмот каде што почна неговото духовно патување.
Неговиот еднонеделен погреб ќе се одржи во храмот на тивок и мирен начин, велат неговите следбеници.
„Уметноста на среќата и уметноста на страдањето“
Во голем собир на дела и јавни децениски настапи, Тич Нат Хан зборуваше со нежен и силен глас за потребата „да чекорите како со нозете да ја бакнувате земјата“
Тој доживеа мозочен удар во 2014 година поради што повеќе не можеше да говори и се врати во Виетнам за да ги помине последните денови во Хуе, античкиот главен град и родно место, откако поголемиот дел од својот возрасен живот го помина во егзил.
Како пионер на будизмот на Запад, наречен „Татко на свеста“, тој го основал манастирот „Plum Village“ во Франција и редовно зборувал за практиката на свеста – идентификување и оддалечување од одредени мисли без осудување.
„Ако знаеш да страдаш, многу помалку страдаш“
„Учиш како да страдаш. Ако знаеш да страдаш, страдаш многу, многу помалку. И тогаш знаеш како добро да го искористиш страдањето за да создадеш радост и среќа“, рече тој во едно предавање во 2013 година. „Уметноста на среќата и уметноста на страдањето секогаш одат заедно“, додаде.
Тих Нахат Хан, кој зборуваше седум јазици, предаваше на универзитетите Принстон и Колумбија во САД во раните 1960-ти. Тој се вратил во Виетнам во 1963 година за да се приклучи на растечкото будистичко противење на американско-виетнамската војна, изразена со протест и самозапалување на неколку монаси.
„Видов како комунисти и антикомунисти се убиваат и се уништуваат едни со други затоа што двете страни веруваа дека имаат монопол на вистината“, напиша тој во 1975 година, додавајќи: „Гласот ми беше пригушен од бомби, минофрлачи и извици“.
„Како голем бор“
Во екот на Виетнамската војна во 1960-тите, тој се сретна со активистот за граѓански права Мартин Лутер Кинг, кој јавно го осуди американското учество во Виетнамската војна. Кинг го нарече Тич Нат Хан „апостол на мирот и ненасилството“ и го номинираше за Нобеловата награда за мир.
„Лично, не познавам некој подостоен за Нобеловата награда за мир од овој нежен будистички монах од Виетнам“, напиша Кинг во своето писмо за номинација. Тој беше во Соединетите Американски Држави за да се сретне со Кинг една година претходно, владата на Јужен Виетнам му забрани на Тич Нахат Ханху да се врати дома.
Монахот Хаеним Суним, кој некогаш беше преведувач на Тич Нат Хан за време на патувањето во Јужна Кореја, рече дека господарот на Зен бил смирен, внимателен и полн со љубов.
„Тој беше како голем бор, дозволувајќи им на многу луѓе да се одморат под неговите гранки со неговото прекрасно учење за свесноста и сочувството“, изјави Хаемин Суним за Ројтерс. „Тој беше еден од најневеројатните луѓе што некогаш сум ги сретнал“, нагласи тој.
„Надежта е важна, бидејќи со неа сегашниот момент може полесно да се издржи“, напиша Тич Нат Хан, додавајќи: „Ако веруваме дека утре ќе биде подобро, денес можеме да ги издржиме тешкотиите“, рече големиот учител на свеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026
Свет
Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
Ден на жалост во Сараево по трамвајска несреќа е прогласен од Владата на Кантонот Сараево откако трамвај излета од шините во централното градско подрачје, при што едно лице го загуби животот, а повеќе лица беа повредени, соопштија надлежните институции по одржаната вонредна седница.
Одлуката следуваше по силните реакции во јавноста и барањата трагедијата да биде официјално одбележана. Во несреќата животот го загуби 23-годишен студент кој се наоѓал на трамвајска постојка во моментот на инцидентот. Дел од повредените се задржани на болничко лекување, а за една малолетна девојка се наведува дека се здобила со тешки телесни повреди.
Надлежните органи отворија истрага за да се утврдат причините и околностите под кои дошло до излетувањето на трамвајот. Институциите најавија дека по завршувањето на постапката ќе бидат соопштени дополнителни информации.
Со одлуката за Ден на жалост се предвидува знамињата да бидат спуштени на половина копје и да се откажат или одложат јавните настани на територијата на кантонот.

