Свет
Почина Попај, десната рака на Пабло Ескобар кој во негово име убил стотици луѓе

Џон Жаиро Веласкез Васкез, убиец кој работел за Пабло Ескобар, почина на 57-годишна возраст, јавувија светските медиуми.
Васкез, чиј прекар бил Попај, починал во колумбиски затвор. Неговата смрт беше потврдена од колумбискиот затворски систем ИНПЕК.
Според објавата на ИНПЕК, Васкез од 31 декември бил во болница. Како што пишуваат локалните медиуми, тој бил болен и подложен на хемотерапија.
Попај беше познат како десна рака на наркобосот Пабло Ескобар. Како еден од неговите најблиски соработници, киднапирал и убивал во негово име. Тој признал 300 убиства, а бидејќи бил меѓу водечките луѓе на картелот Меделин, се верува дека наредил илијадници ликвидации.
Во 1989 година, тој бил осуден на 30 години затвор за убиство на претседателскиот кандидат Луис Карлос Галан. По издржувањето на поголем дел од казната, Васкез бил ослободен во 2014 година. По ова стана доста популарен и зборуваше за својот живот на „Јутјуб“. Но, во 2018 година, повторно беше уапсен за кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.
Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.