Свет
Почина шефот на ГРУ – руската воена тајна служба

Шефот на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, Игор Коробов (62), почина по долга и тешка болест, соопшти руското Министерство за одбрана. Коробов беше воен ветеран, кој во 1985 година почнал да работи за руската тајна служба.
Велика Британија ја обвини ГРУ за обид за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервен агенс во Англија. Американските разузнавачки агенции, пак, обвинуваа дека ГРУ стои и зад обидот да се нарушат претседателските избори во САД во 2016 година. Но, Русија ги отфрли ваквите обвинувања.
Според медиумите, Коробов, наводно, почнал да се чувствува лошо по расправијата со рускиот претседател Владимир Путин поради труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Солсбери, Англија. По средбата, наводно, било најавено дека Коробов се повлекува од функцијата шеф на ГРУ.
Претходникот на Коробов, Игор Сергун, ненадејно почина на 3 јануари 2016 година. Официјално, тој почина пред својот дом во Москва по срцев удар. Според американската геополитичка разузнавачка фирма „Стратфор“, пак, Сергун починал на Нова година во Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија денес израелските медиуми, а снимки од разговорите циркулираат и на социјалните медиуми.
All morning video call recordings that Hamas allowed the hostages to make to their families are part of its propaganda campaign- to present itself to the world as if it were a humanitarian organization.
That is exactly why it was so important to them to demand that the families… pic.twitter.com/46SJMjo6FC— יוסף חדאד – Yoseph Haddad (@YosephHaddad) October 13, 2025
За многу од заложниците, тоа беше нивниот прв контакт со нивните семејства по повеќе од две години заробеништо, за време на кои беа целосно отсечени од надворешниот свет.
Hostages still in Gaza speak with their families over cell phone before being released and transported by Red Cross back home to Israel where they should be reunited with their loved ones within an hour.
Woman holding the phone says, “The war is over!”pic.twitter.com/DhF4WSfbJH
— Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) October 13, 2025
Видеата се сметаат за пропаганда на Хамас, дозволувајќи ѝ на исламистичката група да се прикаже како хумана, напишаа корисниците на социјалните мрежи. На некои од видеата, во позадина може да се видат членови на Хамас.
Свет
Втората група заложници на пат кон Израел

Според израелските медиуми, втората група од 13 заложници е предадена на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и моментално е на пат кон Израел.
Претходно беше ослободена првата група од 7 заложници.
Се очекува телата на 26-те мртви заложници и уште двајца чија судбина е непозната да бидат предадени денес.
Свет
Каја Калас: Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно, ЕУ ја продолжува мисијата

Европската унија ќе продолжи со својата набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денес шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.
„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.
„ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја рестартира цивилната набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет“, рече таа.
Калас го поздрави ослободувањето на седумте израелски заложници што Хамас ги ослободи денес, нагласувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.
„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“, рече таа на X.