Свет
Почнува судењето на поранешни каталонски функционери обвинети за бунт
Судењето на поранешните каталонски функционери, обвинети за бунт против Шпанија, кој може да трае три месеци и да предизвика тензии, почнува денеска во Мадрид.
Судењето против 12-те Каталонци кои во октомври 2017 година организираа референдум за независност на покраината со 7,5 милиони луѓе, а потоа изгласаа формирање независна република Каталонија, е најважниот судски процес во Шпанија во последните четири децении.
Последен пат се судело за востание против државата во 1982 година по неуспешен обид за државен удар. Полковникот Антонио Тејеро пукаше во парламентот во Мадрид, каде што влезе придружуван од речиси 200 припадници на цивилната гарда, а тенковите биле подготвени да излезат на улиците. Тој обид за воен удар пропадна, а Тејеро беше осуден на максимална 30-годишна затворска казна.
Денес, 36 години подоцна, шпанската државна правобранителка бара 25 години затвор за Ориола Јункерас, поранешен потпретседател на Каталонија. Меѓу другите обвинети се осум министри на владата на Каталонија, поранешен претседател на каталонскиот парламент и двајца лидери на невладини организации. Ним им се заканува малку пониска затворска казна за бунт, непослушност и употреба на јавни пари за организирање референдум забранет од страна на шпанскиот Уставен суд.
Повеќето од нив речиси една година се во притвор и ќе бидат испитани од седум судии во главната судница во Мадрид. За време на судењето што може да трае до крајот на мај, а пресудата ќе биде изречена летото, приближно 600 сведоци ќе бидат испрашувани.
Во понеделникот попладне беа зајакнати безбедносните мерки, контејнерите за отпадоци беа отстранети околу судската зграда и беа забранети собири и протести во областа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Експлозии во Крим и руски енергетски објекти за време на украински напад со дронови
Силни експлозии се пријавени во складиште за нафта во Крим и во неколку енергетски и индустриски објекти во Русија за време на украински напад со беспилотни летала, објавија медиумите.
Според извештаите, експлозии биле регистрирани во складиште за нафта во близина на Симферопол, на Крим, а потоа и во хемиска фабрика во рускиот град Велики Новгород. Напади со дронови, наводно, погодиле и магацин за нафта во близина на градот Урјупинск, во Волгоградската област, како и електроенергетски објект во Смоленск.
🔥After a night attack in occupied Crimea, an oil base is on fire near the DRES in Simferopol.
Explosions have also occurred in Feodosia, Guardskoe, and Sevastopol. pic.twitter.com/tEqjwmRSEe
— Shaun Pinner (@olddog100ua) December 14, 2025
Руските власти соопштија дека регистрирале присуство на 41 беспилотно летало над територијата на Крим во периодот кога биле пријавени експлозиите во близина на Симферопол.
Украина во последниот период интензивира напади врз руска воена и енергетска инфраструктура, со цел, како што наведува Киев, да ја ослабне борбената и економската способност на Москва. Украинските власти тврдат дека приходите од рускиот енергетски сектор директно ја финансираат војната, поради што ваквите капацитети ги сметаат за легитимни воени цели.
Overnight strikes hit multiple targets inside Russia and occupied Crimea. In Volgograd region, a drone attack sparked a fire at the Uryupinsk oil refinery, with smoke seen over the facility. In occupied Crimea, a fuel depot near Simferopol GRES is burning, while explosions and pic.twitter.com/C6DBZsLeVw
— Hamdan News (@HamdanWahe57839) December 14, 2025
Рафинеријата за нафта „Сизран“ ги прекинала операциите на 5 декември, откако била оштетена во украински напад со беспилотни летала. Украина подоцна го потврди нападот, наведувајќи дека операцијата имала за цел „намалување на воениот и економскиот потенцијал на рускиот агресор“.
Во меѓувреме, украинскиот Генералштаб соопшти дека во ноќта на 12 декември била погодена и рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослављ, една од петте најголеми рафинерии во Русија. Според украинските власти, овој капацитет има годишен капацитет за преработка до 15 милиони тони нафта и е вклучен во снабдувањето на руските вооружени сили.
Свет
(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство
Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот на Универзитетот „Браун“ во Провиденс, сојузната држава Род Ајленд. Локалните власти информираат дека осомничениот напаѓач сè уште не е идентификуван и е во бегство.
Според полицијата, нападот се случил во училница на приземјето, во време кога во објектот се одржувале завршни испити.
Градоначалникот на Провиденс, Брет Смајли, изјави дека осум од повредените биле пренесени во болницата во Род Ајленд, при што шестмина се во критична, но стабилна состојба, едно лице е во критична состојба, а друго е стабилно. Деветтата повредена жртва се здобила со полесни повреди и не е во животна опасност.
Претседателката на Универзитетот „Браун“, Кристина Х. Паксон, потврди дека и загинатите и повредените биле студенти на универзитетот.
По инцидентот, универзитетската администрација испратила итно предупредување до студентите да останат скриени, да ги заклучат просториите и да ги исклучат мобилните телефони до понатамошно известување.
Локалните власти објавија видео-снимки од безбедносните камери на кои се гледа осомничениот како ја напушта зградата за инженерство. Снимките не откриваат повеќе детали за неговиот идентитет, освен дека бил облечен во црна облека, а полицијата не ја исклучува можноста напаѓачот да носел маска.
Полицијата пронашла чаури на местото на нападот, но засега не соопштува дополнителни информации за оружјето или мотивот.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потврди дека бил информиран за настанот, а федералните агенции, меѓу кои ФБИ и АТФ, се вклучија во истрагата и им помагаат на локалните власти.
Свет
Политико: Европските дипломати во Вашингтон во неизвесност по новата стратегија на САД
Европските дипломати во Вашингтон се соочуваат со мрачна атмосфера и чувство дека трансатлантскиот сојуз, каков што постоеше по Втората светска војна, е сериозно нарушен под администрацијата на Доналд Трамп, пишува Политико.
По објавувањето на новата американска Стратегија за национална безбедност, која поранешниот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел ја опиша како „политичка објава на војна“, европските претставници сѐ почесто чувствуваат отворен презир од Вашингтон. Според изјави на дипломати дадени под услов на анонимност, „Западниот сојуз е завршен“ и односите „никогаш нема да се вратат на старо“.
„По неколку божиќни забави во европските амбасади оваа недела, стана јасно дека атмосферата е прилично мрачна, какода го гледаат Гринч како им го краде Божиќ“, пишува Политико.
Политико наведува дека кај европските дипломати владее „психосоцијална дезориентација“ – чувство на губење на идентитет и сигурност, предизвикано од наглиот прекин со поредокот воспоставен по 1945 година. Иако дел од нив сè уште се надеваат дека ситуацијата ќе се нормализира со нов американски претседател, други признаваат дека Трамп ја принудува Европа да се соочи со сопствените слабости.
Новата американска надворешна политика, според текстот, повеќе не се темели на вредности и демократија, туку на принципот „што функционира за Америка“, што вклучува приближување кон авторитарни режими и избегнување критики кон земји како Русија, Кина и Иран.

