Свет
По коалициската криза, ексшпионот на нова позиција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, заедно со своите коалициски партнери склучи договор со кој стави крај на препирките околу унапредувањето на поранешниот шеф на разузнавачката агенција.
Министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, изјави дека поранешниот шеф на разузнавачката служба Ханс Георг Масен нема да добие унапредување за позицијата „потсекретар“, како што било предложено претходно, туку дека ќе биде назначен за „специјален советник“ во министерството.
„Тој ќе биде на шеф на одделот и задолжен за европски и меѓународни прашања“, изјави министерот за внатрешни работи и додаде дека Масен ќе има задача да преговара за меѓународните договори меѓу земјите од Европа.
Масен беше тргнат од својата позиција минатата недела поради контроверзните коментари во врска со насилството врз имигрантите во источна Германија, како и неговите наводни контакти со политичари од десницата.
Социјал-демократската партија, инаку коалициски партнер на Меркел, инсистираше дека Масен повеќе не смее да остане на чело на државната разузнавачка агенција.
Зехофер, пак, кој е лидер на Христијанската општествена унија, упати пофалби до Масен и неговите достигнувања и најави дека тој ќе добие унапредување како потсекретар во Министерството за внатрешни работи.
Социјал-демократите остро го осудија овој потег и бараа нови преговори во владата.
Масен, кој беше шеф на Агенцијата за разузнавање цели шест години, отворено ја критикува Меркел за нејзината политика за „отворени врати“ за бегалците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми.
Автобусот превезувал повеќе од 50 патници и се движел помеѓу градовите Џајсалмер и Џодпур.
„Деветнаесет патници загинаа во автобусот, а уште еден им подлегна на повредите на пат кон Џодпур“, изјави претставник на локалната полиција.
Пожарот избувнал на задниот дел од автобусот и брзо се проширил на целото возило, објави новинската агенција „Прес Траст оф Индија“.
Tragic news from #Jaisalmer
A moving bus consisting 57 passengers caught fire. More than 10 people got burnt and rest are given medical assistance. pic.twitter.com/yi76gcQ5Y6— पारुल कुलश्रेष्ठ (@parul_kuls) October 14, 2025
„Патниците немале време да го напуштат автобусот“, изјави за „Асошиејтед прес“ локалниот пратеник Махант Пратап Пури.
Најмалку 15 други патници се во критична состојба.
Свет
Трамп: Работата во Газа не е завршена, втората фаза од мировниот договор започнува веднаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека работата во Газа не е завршена, бидејќи телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.
„Сите 20 преживеани заложници се вратија и се чувствуваат добро, како што може да биде. Тешкиот товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела значеше дека Хамас ќе ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.
Рокot истече во понеделникot напладне и Хамас ослободи 20 заложници живи, но ги врати само телата на само четворица од 28-те што загинаа во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.
Дадениот рок во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група за да помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.
„Втората фаза започнува веднаш“, додаде Трамп, алудирајќи на делови од неговиот план од 20 точки за повоено управување и реконструкција на Газа, кој ќе го води преодна влада на палестински технократи и ќе го надгледува мировен комитет со кој претседава американскиот претседател и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Првата фаза, според Трамп, вклучува ослободување на заложниците, повлекување на Израел од Газа и обезбедување хуманитарна помош, додека Хамас сè уште не се согласил со втората фаза, која вклучува нивно разоружување.
Фото: принтскрин
Свет
Сикорски: Европа мора да се подготви за „длабок“ руски напад

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија. Тој оцени дека е „неодговорно“ што не гради одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на неговото источно крило.
Во Лондон, каде што го претстави иранскиот дрон „Шахед-136“ соборен во Украина, Сикорски ги повика европските земји да „останат доследни“ во својата поддршка за Украина, наведувајќи дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги стави на располагање ракетите Томахавк со долг дострел на таа земја, пренесува Ројтерс.
Тој процени дека снабдувањето на Украина со дополнителна муниција за противвоздушна одбрана, како и оружје со краток и среден дострел, е неопходно за да се помогне во заштитата на Европа, наведувајќи ги како примери упадите на руски беспилотни летала над Полска и борбените авиони над Естонија.
Тој рече дека сè уште не е познато дали беспилотните летала забележани над Копенхаген биле руски.
Запрашан за можноста за проширување на иницијативата „ѕид од беспилотни летала“ за да се спротивстави на идните упади, Сикорски за Ројтерс изјави дека руските напади „за жал би можеле да стигнат длабоко во Европа“.
„Треба да бидеме подготвени да се спротивставиме на тоа и затоа мислам дека би било неодговорно ако не изградиме капацитети против беспилотни летала денес“, рече Сикорски, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин