Свет
По крвавиот викенд, Израел објави прекин на огнот и продолжување на помошта за Газа
Израелската војска соопшти дека прекинот на огнот во Газа е повторно на сила по најлошото кршење на примирјето постигнато со посредство на САД овој месец и дека испораките на помош во енклавата ќе продолжат во понеделник.
Прекршен прекин на огнот
Прекршено е примирјето во Газа по нападот во кој загинаа двајца израелски војници, на што Израел одговори со серија воздушни напади во кои палестински извори велат дека загинале 26 лица.
Испораката на помош во Газа ќе продолжи во понеделник по притисокот од САД, соопштија израелски безбедносни извори, кратко откако Израел објави прекин на помошта како одговор на она што го нарече „очигледно“ кршење на прекинот на огнот од страна на Хамас.
Воен одговор на Израел
Израелската војска соопшти дека ги таргетирала целите на Хамас низ целата енклава, вклучувајќи команданти, борци, тунели и складишта за оружје, откако милитантите испалиле противтенковски проектил и пукале кон нивните војници, убивајќи двајца.
Во воздушните напади загинаа најмалку 26 лица, вклучувајќи најмалку една жена и едно дете, според локалните жители и здравствената служба. Во најмалку еден напад, погодено е поранешно училиште каде што бегалците се засолниле во областа Нусеират.
Дипломатски активности
Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, треба да пристигнат во Израел денеска.
Вооруженото крило на Хамас вели дека сè уште се придржува до договорот за прекин на огнот и не е свесно за судирите кај Рафа и не е во контакт со групите од март.
Реакции на САД и Израел
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, не ги спомена израелските напади кога новинарите го прашаа во неделата вечерта за ситуацијата во Газа, но рече дека има околу 40 различни ќелии на Хамас и дека безбедносната инфраструктура за проверка на нивното разоружување сè уште не е воспоставена. „Некои од тие ќелии веројатно ќе го почитуваат прекинот на огнот. Многу од нив, како што видовме денес, нема“, рече тој.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека ѝ наредил на армијата да одговори на секое кршење на прекинот на огнот од страна на Хамас.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Експлозии пријавени низ Иран
Неколку експлозии се пријавени нво Иран денеска, во услови на зголемени стравувања од војна во регионот, јави ДПА.
Во пристанишниот град Бандар Абас, на Персискиот Залив, едно лице загина, а 14 се повредени во експлозија, соопшти новинската агенција Тасним, која е блиска до Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Очевидци пријавиле и најмалку една експлозија во близина на главниот град Техеран. Иранските медиуми, повикувајќи се на официјален извор, наведоа дека се запалила трска во корито на река.
Во југозападниот дел на Иран, онлајн-порталот Нур њуз, повикувајќи се на шефот на противпожарната служба во градот Ахваз, објави дека експлозија на гас усмртила четири лица.
Тасним ги демантираше гласините дека експлозијата во Бандар Абас била обид за напад врз командантот на морнарицата на ИРГЦ, Алиреза Тангсири.
Државната новинска агенција ИРНА објави фотографија од делумно уништениот преден дел на повеќекатна станбена зграда. Државната телевизија соопшти дека експлозијата била предизвикана од истекување гас.
Наскоро треба да започне тридневна поморска воена вежба на ИРГЦ во Персискиот Залив, во која се очекува да учествуваат и Кина и Русија.
Маневрите се најавени во период кога американскиот претседател Доналд Трамп распореди флота, вклучително и носачи на авиони, во регионот.
Трамп во повеќе наврати ѝ се закануваше на власта во Техеран со интервенција, поради, како што наведе, бруталното задушување на протестите од страна на иранскиот безбедносен апарат.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.

