Свет
По поплавите, на Јапонија ѝ се заканува нова опасност
Во поплавите и лизгањето на земјиштето што почна по поројните дождови во западниот дел на Јапонија загинаа речиси 200 луѓе, а постојат стравувања дека високите температури и недостигот на вода може да предизвика ширење болести.
Ова е најголемата несреќа што ја погоди Јапонија во последните 36 години. Повеќе од 200 000 домаќинства се без вода, една недела по обилните врнежи. Јапонската влада соопшти дека според последните податоци, 195 лица загинале, а десетици се водат за исчезнати.
Температурите над 30 Целзиусови степени и високата влажност на воздухот ги загрозуваат луѓето кои се сместени во училишни спортски сали и во центрите за евакуација.
Со оглед на тоа што количеството вода е ограничено, многу луѓе не внесуваат доволно течности и им се заканува топлотен шок.
Луѓето, исто така, избегнуваат да користат вода за да ги мијат рацете стравувајќи од епидемија.
Владата испрати цистерни со вода во погодените области, но резервите се сé уште ограничени. Повеќе од 70 000 војници, полицајци и пожарникари се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите лица. Во многу области куќите се затрупани со кал, кој е стврднат од топлина, што ја отежнува потрагата. Експертите укажуваат дека е можно вакви катастрофи предизвикани од обилните врнежи да се сè почести во Јапонија поради глобалното затоплување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

