Свет
По САД, и Јапонија се жали на кинеските методи на тестирање: Ова е понижувачки
Јапонија побара од Кина да престане да користи тестирање на Ковид-19 со употреба на анален брис. Токио тврди дека нивните граѓани се особено изложени на тој метод кога ќе влезат во соседната земја. Некои се жалат дека постапката им предизвикала психолошка болка, велат јапонските власти, а пренесува Би-би-си.
Главниот секретар на кабинетот, Кацунобу Като рече, дека владата ќе продолжи да бара Кина да ги иззема нејзините граѓани од таков метод на тестирање што се користи за некои од оние во карантин или што влегуваат во Кина истакнувајќи дека тоа не е потврдено на ниедно друго место во светот, пренесува јапонската агенција „Кјодо“.
Кина почна да го користи моделот на анално тестирање во јануари годинава. САД први јавно се пожалија на ваквиот третман и тоа не само на граѓаните туку дури и на американските дипломати.
Јапонската страна отворено изјавува дека тоа е првенствено обид за понижување на жителите на одредени земји. Не е познато колку жители (или можеби дури и жителки) на Јапонија биле изложени на овој понижувачки третман.
Ванг Венбин, еден од портпаролите на кинеското Министерство за надворешни работи, изјави во понеделникот, по објавувањето на веста за агенцијата „Кјодо“, дека Кина ги приспособила антиепидемиските мерки во согласност со научните достигнувања и релевантните закони и регулативи.
Анални брисови (туркање стапчиња со памучен врв од 3 до 5 сантиметри во аналниот отвор) почнаа да се користат во некои кинески градови, каде што локални експерти тврдат дека може да ја зголемат стапката на откривање на заразените. Повеќемина од научната заедница сметаат дека тоа не е точно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет
Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и удар врз меѓународното право, оценува Би-Би-Си во анализа.
Трамп изјави дека САД привремено ќе управуваат со Венецуела, додавајќи дека не се исклучува ниту испраќање војска. Американските власти тврдат дека операцијата била успешна воено, но експертите предупредуваат дека политичките последици би можеле да бидат катастрофални.
Би-Би-Си потсетува дека претходни американски интервенции со цел промена на режими, како во Ирак и Авганистан, довеле до долготраен хаос. Се предупредува дека и падот на Мадуро може да предизвика насилство, нестабилност и борба за власт во Венецуела.
Кина ја осуди американската акција како кршење на суверенитетот и меѓународното право, а анализата посочува дека ваквиот преседан може да биде искористен и од други светски сили, особено во контекст на Тајван и Украина.
„Откако еднаш ќе се премине оваа граница, правилата што го спречуваат глобалниот хаос почнуваат да се уриваат“, се наведува во анализата на Би-Би-Си.
Свет
Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите на САД со Кина и кинескиот претседател Кси Џјинпинг.
„Имам многу добар однос со Кси“, изјави Трамп пред новинарите во неделата вечерта на „Ер Форс Уан“. „Ние ја имаме моќта на царините, а тој има други механизми на влијание врз нас.“
Американскиот претседател, исто така, објави дека планира патување во Кина во април, каде што треба да се сретне со Кси.
Кина претходно ги повика САД веднаш да ги ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, кои се во американски притвор. Во исто време, Пекинг изјави дека е длабоко шокиран и остро ја осудува отворената употреба на сила од страна на САД против суверена држава.
Со години, Венецуела е близок сојузник на Кина, која е еден од најголемите купувачи на венецуелска нафта, и покрај строгите меѓународни санкции. Ненадејното апсење на Мадуро во операција на американските специјални сили предизвика широка дебата во кинеските политички и медиумски кругови.
Трамп и кинескиот претседател последен пат се сретнаа во октомври во Јужна Кореја, за време на тридневната турнеја на Трамп низ Азија. По таа средба, Трамп рече дека двајцата „се согласиле за речиси сè“.
Според Трамп, вкупните американски царини за кинески стоки треба да се намалат за 10 проценти, благодарение на напредокот во разговорите за увоз на соја, ретки метали и прашања поврзани со фентанил.
Регион
Србин кој загина во пожар во Швајцарија е прогласен за херој: Се вратил во барот за да ги спасува гостите
Четириесет лица ги загубија животите, а повеќе од 100 беа повредени во ужасниот пожар што го зафати барот Le Constellation во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана на новогодишната ноќ. Меѓу жртвите е и Стефан И. (31), обезбедување кој стана херој откако спасил неколку гости од пожарот, но, за жал, не можел да се извлече од него, пишува швајцарскиот портал „Блик“.
Стефан И. работел како обезбедување. Кога избувнал пожарот, тој мирно почнал да ги турка гостите на безбедно. Како што објавија медиумите, откако извадил неколку луѓе, се вратил во објектот зафатен од пламен за да спасува уште луѓе. Тој несебичен чин го чинел неговиот живот, пренесе „Индекс“.
🔴🇨🇭 FLASH INFO – Une vidéo capture le départ de l’incendie au bar « Le Constellation » à Crans-Montana (VS), alors que le plafond s’embrase.#Suisse #CransMontana #Incendie
pic.twitter.com/f6IL9NYuyK— Media Express (@media_express_e) January 1, 2026
Французинката која успеала да избега на време го опишала обезбедувачот како личност која „без двоумење се соочила со опасност за да ги заштити другите“, истакнувајќи ја неговата извонредна храброст и саможртва во средината на тоталниот хаос.
Стефан, Србин по потекло од Ваљево, живеел во Швајцарија 20 години, каде што имал и државјанство. Неговото семејство се надевало до последен момент дека тој преживеал.

