Свет
По три години, Путин доаѓа во Белорусија: Што се крие зад средбата?
Рускиот претседател Владимир Путин, денеска, по повеќе од три години, доаѓа во Минск и ќе се сретне со својот белоруски колега Александар Лукашенко.
Кремљ тоа го најави како работна посета на белорускиот претседател Лукашенко, а двајцата лидери сакаат официјално да разговараат за „стратешкото партнерство“ на нивните земји. Путин последен пат го посети Лукашенко во 2019 година.
Сепак, западните медиуми шпекулираат дека руската војна во Украина ќе биде во центарот на разговорот, а „Билд“ наведува дека постои сомнеж дека Путин оваа посета би можел да ја искористи за да ја вовлече Лукашенко во конфликтот што трае речиси 10 месеци.
Лукашенко, барем досега, одбиваше да испрати свои војници во Украина. Белорусија сепак ја поддржува војната на Русија ставајќи ги своите воени бази достапни за напади врз Украина, меѓу другото.
Во октомври Белорусија најави формирање заеднички воен сојуз со Русија. За таа цел, илјадници руски војници се стационирани во Белорусија.
Германски „Билд“ пишува дека Лукашенко нема многу избор, освен да игра како што игра Путин. Земјата е економски многу зависна од Русија, а Лукашенко остана на власт по најголемите демонстрации во земјата во 2020 година, со помош на Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА

