Европа
По четиригодишна операција, разбиена банда која низ Европа шверцувала артефакти со непроценлива вредност

Уметнички предмети во вредност од 40 милиони евра биле пронајдени за време на меѓународна четиригодишна полициска операција во Италија, Шпанија, Германија и Велика Британија.
Во таа ситуација 23 лица биле уапсени, соопшти „Европол“ во средата.
Повеќе од 250 полицајци истовремено извршиле претрес во 40 куќи во италијанските региони Сицилија, Калабрија, Пиемонт и Апулија, како и во Енинген во Германија, Лондон во Велика Британија и Барселона во Шпанија и заплениле околу 25 000 уметнички предмети.
Полициската операција траела четири години, а станува збор за артефакти кои претежно биле ископани во Италија и продадени во аукциски куќи во Германија.
Криминалните групи кои се занимавале со ваков вид трговија имале соработници во Барселона и Лондон и од страна на европската полиција биле опишани како многу добро организирани.
Операцијата се смета за една од најголемите досега кога станува збор за шверцот на артефакти од Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, вели извор

Европската унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави за „Киев Индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побара анонимност. Мерките се насочени кон речиси 200 бродови од руската „флота во сенка“, 30 компании вклучени во избегнување на санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.
Новиот пакет, исто така, вклучува мерки насочени кон руските хибридни операции, поточно воспоставување правна основа за дејствување против пропагандните канали или бродови и субјекти вклучени во саботажа на подводни кабли, аеродроми или сервери.
„Значи, гледате каде одиме. Покрај ‘традиционалните’ секторски и индивидуални санкции, го прошируваме опсегот и поактивно применуваме други видови санкции за да ја погодиме Русија таму каде што гледаме закани или обиди за заобиколување на постојните мерки“, рече изворот.
Европа
Зеленски: Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не десет години. Украина нема да издржи… Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите. Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори. Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Европа
Шефовите на дипломатијата на членките на НАТО се состануваат во Турција: се бараат поголеми инвестиции во одбраната

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО денеска се среќаваат во Анталија, Турција, на последната рунда разговори на високо ниво пред самитот на западната воена алијанса во Холандија во јуни.
Домаќин на дводневниот состанок, на кој првенствено ќе се разговара за распределбата на средствата за одбрана и иднината на европската безбедност, е турскиот шеф на дипломатијата, Хакан Фидан.
На самитот на лидерите на НАТО во Хаг во јуни се очекува договор за нова цел за трошоците за одбрана, а агенцијата ДПА потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп постојано бара од сојузниците на НАТО драстично да ги зголемат воените трошоци.
Во моментов, членките на НАТО се подготвени да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана, но некои сè уште издвојуваат помалку од тие два проценти. Европските членки на НАТО се соочуваат и со пресвртот на поддршката за Украина од страна на новата американска администрација и последиците од оваа политика за европската безбедносна архитектура.
Во Анталија ќе пристигне и американскиот државен секретар Марко Рубио. Се очекува министрите на НАТО да започнат консултации за време на вечерата и да продолжат со разговорите утре наутро.