Свет
По 10 години и среде скандал, Трамп номинира нов амбасадор во Венецуела
Белата куќа номинира нов амбасадор во Венецуела, прв по една деценија, во период кога односите меѓу двете влади се на најниско ниво во историјата и додека САД упорно негираат каква било улога во неодамнешниот заговор за државен удар во земјата, пренесува РТ.
Поранешниот привремен вршител на должноста во Одделот за Венецуела во Амбасадата на САД во Колумбија, Џејмс Брауард Стори, е номиниран за амбасадор во Венецуела во средата, се вели во соопштението на Белата куќа.
САД прв пат по една деценија ќе имаат официјален пратеник во Венецуела, повеќе од една година откако Вашингтон ги прекина дипломатските врски со администрацијата на Николас Мадуро, бркајќи го персоналот на социјалистичкиот лидер од Амбасадата на Венецуела во Вашингтон и предавајќи му го објектот на опозицискиот лидер Хуан Гваидо, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела на почетокот на 2019 година.
Назначувањето на амбасадор се случува и во екот на повторените негирања од американски официјални лица, вклучително и претседателот Доналд Трамп, дека Вашингтон имал какво било вмешаност во неуспешниот заговор за киднапирање и дури и атентат врз Мадуро викендот, кога група вооружени платеници, меѓу кои двајца поранешни американски специјалци се обидоа да упаднат во Венецуела со глисери.
Новото назначување само ги продлабочи овие сомнежи, при што некои сугерираат дека Стори е лажен амбасадор избран само за да се зајакне американскиот заговор за пуч од Колумбија, каде што избегаа голем број венецуелски воени дезертери.
Вашингтон е отворен во врска со својата желба да го отстрани Мадуро од функцијата користејќи ги сите неопходни средства. Администрацијата на Трамп обезбеди дипломатска и финансиска поддршка за тогашниот спикер на парламентот во Венецуела, Хуан Гваидо.
САД и ницните сојузници изјавија дека Гваидо е легитимен лидер на Венецуела иако неколкуте неговите обиди за преземање на контролата врз земјата не успеаја.
Стејт департментот во март го обвини Мадуро за трговија со дрога и понуди награда од 15 милиони американски долари за информации што ќе доведат до негово апсење. Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза го опиша обвинението како нова форма на државен удар чија цел е соборување на демократски избраната влада.
САд исто така наметнаа и санкции кон јужноамериканската нација, политика на економско војување што ја осудија организациите за човекови права. Режисерот и активист Оливер Стоун неодамна посочи дека одржувањето на санкциите во време пандемија укажува на длабокиот недостиг од човечка пристојност на администрацијата на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

