Европа
Православната црква на Украина ќе дозволи годинава Божик да се слави на 25 декември
Разгранок на Украинската православна црква најави дека ќе им дозволи на своите цркви да го слават Божик на 25 декември иако во православието тој традиционално се слави на 7 јануари, јавува Си-ен-ен.
Соопштението на Украинската православна црква, која има седиште во Киев, дополнително ги наруши односите со Руската православна црква, кои веќе беа разнишани од руската инвазија на Украина.
Оваа одлука е донесена „поради многубројните барања земајќи ја предвид дискусијата што се води во Црквата со години, која сѐ повеќе се вжештува во јавноста поради војната“, соопшти Украинската православна црква на 18 октомври.
Секоја црква ќе може да избере дали сака да го слави Божик на 25 декември според грегоријанскиот календар или на 7 јануари според јулијанскиот календар, кога го слави и Руската православна црква.
Оваа информација не е чудна бидејќи во изминатите неколку години голем дел од православната заедница во Украина се повеќе се оддалечува од Москва, а тој процес дополнително го забрза конфликтот со Русија, кој трае од 2014 година.
Овој расцеп стана уште повидлив кога во 2018 година цариградскиот патријарх Вартоломеј I, грчки свештеник, кој се смета за духовен водач на православните верници во светот, го поддржа формирањето независна православна црква на Украина и го отповика вековниот договор според кој му даде на патријархот во Москва власт над црквите во Украина.
Московската патријаршија на Руската православна црква, која е тесно поврзана со рускиот претседател Владимир Путин, одговори на овој потег со прекин на врските со Вартоломеј.
По ова, водачите на Украинската православна црква (УПЦ), разгранок што формално беше потчинет на Московската патријаршија на Руската православна црква, во мај ги прекинаа сите врски со неа и со патријархот Кирил, кој му даде поддршка на Путин и цврсто стоеше зад него.
Украинската православна црква во соопштение соопшти дека донеле одлука за „целосна независност и автономија“ на Украинската црква.
Овој потег на ООК го разбесни Путин, кој го врати таканаречениот руски свет како основа на неговата надворешна политика, која целосно го негира украинскиот национален идентитет.
Патријархот Кирил сѐ уште целосно ја поддржува инвазијата на Украина, а во септември рече дека на руските војници што ќе загинат во војната со Украина ќе им биде простено за сите нивни гревови.
Се жртвуваат за другите, сигурен сум дека поради таквата жртва, ќе им се простат сите гревови“, изјави тогаш Кирил, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

