Свет
Прва американска воена операција со хеликоптери во Сирија по 11 години, загина едно лице
Неколку хеликоптери на американската армија учествувале во операција во североисточна Сирија, во која загина едно лице, објави денеска сириската телевизија.
Ова е прва операција на американските сили кои користат хеликоптери на територија контролирана од владата од почетокот на војната во Сирија во 2011 година, објави Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR).
Операцијата била изведена во текот на ноќта од страна на „американскиот окупатор“ во областа во близина на курдскиот град Камишли, јави државната телевизија.
Целта на операцијата беше село под контрола на сириските владини сили, изјавија извори како одговор на истрагата на АФП. Американската команда на Блискиот Исток (ЦЕНТКОМ), на прашањето на француската новинска агенција рече дека во овој момент не може да даде информации за операцијата.
Зборувајќи за АФП, локален жител рече дека „три американски хеликоптери со војници слетале во зори и преку мегафони ги повикале жителите да останат во затворени простории“.
Тој додаде дека американските сили „ја пребарале куќата и убиле едно лице“, а потоа ги одвеле другите што биле во истата куќа. Во селото се слушнале истрели меѓу американските војници и провладините сили, додаде очевидецот, велејќи дека е однесен и еден припадник на тие сили.
На 16 јуни американската војска објави дека го фатила водачот на групата Исламската држава (ИД) во хеликоптерска операција во село во северна Сирија, кое не било под контрола на силите на Дамаск, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

