Свет
Прва анкета по дебатата: повеќето гледачи мислат дека победил Бајден
Според анкетата на мрежата Си-би-ес, спроведена по американската претседателска дебата, повеќето гледачи сметаат дека дебатата имала негативен тон, а само 17 проценти рекле дека почувствувале позитивни вибрации за време на дуелот.
Анкетата покажала дека 48 проценти сметаат дека демократскиот кандидат Џо Бајден бил подобар, а 41 процент мислат дека во дебатата победил Доналд Трамп. Преостанатите сметаат дека двајцата се изедначени.
Вкупно 69 проценти од испитаниците рекле дека биле изнервирани од расправата меѓу Трамп и Бајден, а само 17 проценти рекле дека дискусијата ги информирала. Речиси 20 проценти од луѓето рекле дека дебатата била песимистичка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јордан и Египет би можеле да прифатат повеќе Палестинци од Газа, изјави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде во војната меѓу Израел со палестинската милитантна група Хамас загинаа десетици илјади луѓе и каде е лоша хуманитарната ситуација.
На прашање на новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида за тоа дали неговата сугестија се однесува на краткорочно или долгорочно прифаќање на Палестинците во тие земји, Трамп одговори дека „може да биде и едното и другото“.
Минатата година, за време на администрацијата на Џозеф Бајден, Вашингтон рече дека се противи на принудното раселување на Палестинците, додека групите за човекови права и хуманитарните агенции со месеци изразуваат загриженост за ситуацијата во Газа, во која поради војната речиси целото население е доведено до раб на гладување.
Свет
Зеленски се надева дека Европа и САД ќе се вклучат во решавањето на судбината на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази надеж дека Европската унија и САД ќе бидат вклучени во секоја дискусија за ставање крај на војната со Русија, истакнувајќи дека Украина мора да биде дел од преговорите за да тие бидат ефективни. Зеленски тоа го кажа на прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду, додавајќи дека Украина треба да биде активно вклучена во сите разговори, бидејќи само така можат да се постигнат реални резултати.
„Се надевам дека Украина ќе биде присутна во овие дискусии, а со тоа ќе бидат и Америка, Европа и Русија“, изјави Зеленски. Тој нагласи дека нема официјален формат на преговори, но појасни дека Европа треба да биде вклучена, бидејќи Украина наскоро ќе стане дел од Европската унија.
Зеленски, исто така, изрази уверување дека новиот американски претседател Доналд Трамп може да придонесе за завршување на војната, но само ако Украина биде вклучена во разговорите. Според него, без учество на Украина, постигнувањето на мир ќе биде невозможно.
„Русија не сака да ја заврши војната, додека Украина се бори да ја заврши“, додаде Зеленски.
Во врска со Трамп, кој претходно изјави дека ќе стави крај на војната за 24 часа по преземањето на функцијата, Зеленски смета дека оваа цел може да се постигне само ако Украинците имаат вклучено мислење. Трамп изрази подготвеност да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, кој изрази интерес за средба со Трамп, но Зеленски објасни дека неговиот указ од 2022 година за забрана на разговорите со Путин е пречка за такви преговори.
„Тоа беше потребна мерка за да го спречиме Путин да креира други канали за комуникација со Украинците“, рече Зеленски.
Што се однесува до американската воена помош, Зеленски истакна дека таа не е засегната од суспензијата на дел од странската помош. За разлика од хуманитарната помош која е замрзната, воената помош за Украина продолжува без промени. Во изминатите години, САД се најголемиот поддржувач на Украина, обезбедувајќи значајна воена помош во вредност од стотици милијарди долари.
Регион
(Видео) Брнабиќ објави видео со ВИ на Вучиќ во народна носија, се слушаат истрели
По генералниот штрајк што вчера се одржа во Србија, претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ на својот официјален профил на Инстаграм објави монтажа на која е прикажан српскиот претседател Александар Вучиќ во народна носија.
Во позадина се слушаат звуците на истрели и песната „Тамо далеко“.
Видеото ги истакнува наводните економски успеси на Србија, намалувањето на јавниот долг во споредба со претходната влада, намалената стапка на невработеност и зголемувањето на пензиите и платите.
„Тоа е малку клише, но всушност е вистина“, напиша Брнабиќ.
View this post on Instagram