Свет
Првите нуклеарно способни бомбардери „Б-52“ пристигнаа на Блискиот Исток од САД
Американската армија објави во вторникот дека стратешките бомбардери „Б-52 стратофортрес“ ќе бидат распоредени на Блискиот Исток како одговор на тоа што в.д. секретарот за одбрана, Патрик Шанахан, ги нарече индикации за веродостојна закана од силите на иранскиот режим, пренесува „Спутник“.
Централната команда на САД објави фотографии од бомбардерите „Б-52Х“ доделени на 20. експедитивна бомбашка ескадрила што пристигна во областа на одговорност на ЦЕНКОМ.
Претходно, Пентагон објави видео што прикажува четири нуклеарно способни бомбардери „Б-52“ кои полетале кон Блискиот Исток.
Леталата „стратофортрес“ ја напуштија воздухопловната база „Барксдејл“ во Луизијана во вторникот и се упатија кон воздухопловната база „Ал Алеид“ во Катар.
Во неделата советникот за национална безбедност, Џон Болтон, го најави распоредувањето на „УСС Абрахам Линколн“ и оперативната бомбашка единица во регионот на Централнта команда на САД со намера да испрати порака до Техеран.
Иран го нарече овој потег чин на психолошка војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.