Европа
Први знаци на тренд на намалување на заразени со коронавирус во Германија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/w_55973217.jpg)
Шефот на германскиот Институт за јавно здравје „Роберт Кох“, Лотар Валтер, тврди дека стапката на заразени со коронавирус во земјата покажува тренд на опаѓање, истакнувајќи дека тоа е успех на мерките што ги воведе Германија.
„Гледаме знаци дека кривата благо се спушта“, рекол Валтер додавајќи дека ваквиот тренд дефинитивно ќе може да се потврди в среда.
Германија е меѓу првите земји во Европа кои воведа низа мерки, меѓу кои и затворање на училиштата и ограничување на јавните собири.
Во Германија досега се регистрирани 24.094 случаи на заразени со Ковид-19, 94 смртни случаи, а 266 се излекувани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Последни проекции на резултатите: левицата до 187 мандати, но далеку од апсолутно мнозинство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-185830.jpg)
Според ревидираните анкети објавени подоцна во неделата вечерта, Новиот народен фронт, составен од пет партии, ќе освои меѓу 171 и 187 пратенички места. За апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 мандати.
Партијата на претседателот Макрон ќе биде вториот по големина блок со 152 до 163 пратенички места, што ги надминува очекувањата.
Марин Ле Пен и нејзиниот екстремно десничарски Национален фронт (РН) се на третото место со проекција меѓу 134 и 152 освоени места, што претставува значително зголемување во споредба со освоените 89 места во 2022 година.
Се очекуваше РН да се претстави многу посилно откако освои најмногу гласови во првиот круг. Сепак, неговиот удел во гласовите доби удар откако стотици центристички и левичарски кандидати се откажаа од вториот круг за да ја спречат екстремната десница да напредува.
Европа
„За Москва разочарување, олеснување во Киев“ по изборните резултати, изјави полскиот премиер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/skynews-donald-tusk-european-council_4136799.jpg)
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека резултатите од парламентарните избори во Франција ќе доведат до разочарување во Москва и „олеснување“ во Украина.
In Paris enthusiasm, in Moscow disappointment, in Kyiv relief. Enough to be happy in Warsaw.
— Donald Tusk (@donaldtusk) July 7, 2024
Марин Ле Пен, лидерката на екстремно десничарската партија Национален собир, претходно вети дека нејзината партија нема да дозволи Украина да користи француско оружје со долг дострел за да ја нападне Русија доколку дојде на власт.
Европа
Еврото падна поради изборите во Франција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/evra.png)
Еврото паѓа откако излезните анкети за последниот круг од француските парламентарни избори покажаа дека парламентот е во ќорсокак, а најмногу пратенички места најверојатно ќе освои левичарската коалиција Нов народен фронт.
Европската единствена валута последен пат беше намалена за 0,2% на 1,081 долари, иако обемот на тргување остана тенок бидејќи почетокот на тргувањето во Азија штотуку започна.