Европа
Први случаи на коронавирус во Унгарија и Словенија, во Италија 107 мртви
Првиот случај на инфекција со коронавирус е поврден во Словенија. Веста ја соопшти словенечкиот премиер во заминување Марјан Шарец на „Твитер“. Повеќе детали за овој случај властите ќе соопштат во текот на вечерта.
Првите два случаи на зараза се потврдени и во Унгарија, а премиерот Виктор Орбан рече дека станува збор за двајца ирански студенти кои студираат во Унгарија.
Авиокомпанијата „Луфтханза“ објави дека ќе приземји 150 од своите приближно 750 авиони поради епидемијата од коронавирус.
Заразата во Германија е потврдена во 15 од 16 покраини, а кризниот штаб во земјата забрани да се извезува заштитен медицински материјал со цел да се обезбедат повеќе залихи за домашна употреба, пренесе хрватски „Индекс“.
Повеќе колеџи во САД ги откажаа своите кошаркарски натпревари поради страв од ширење на вирусиот.
Во Калифорнија почина првото лице заразено од коронавирус, со што бројот на загинатите во САД се искачи на 11. Станува збор за постар пациент од Плацер Каунти кој и претходно имал здравствени проблеми. Тој веројатно се заразил на крузерот „Дајамонд принцес“, кој долго време беше во коарантин на пристаништето во Јокохама.
Бројот на заразени во САД се зголеми на 149 лица, а во Британија на 87.
Во Италија, според најновите податоци, 107 лица починале од коронавирус. Заразени се 3.089 лица. Бројот на загинати од вчера се зголеми за 28, а бројот на заразени за 587 лица. На интензивна нега се 295 пациенти, а од вирусоот закрепнале 276.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

