Свет
Прв смртен случај во Лос Анџелес од мајмунски сипаници
Канцеларијата за јавно здравје во Лос Анџелес денеска го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници во областа, повикувајќи се на лице со многу слаб имунитет кое е хоспитализирано.
Тоа е втор регистриран смртен случај од мајмунски сипаници во САД, објави „Ројтерс“.
Мајмунските сипаници ретко предизвикуваат смрт, но луѓето со слаб имунитет може сериозно да се разболат или дури и да умрат, велат здравствените власти, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Тело на уште една жртва пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, Русија, бројот на загинати се искачи на 17
Телото на уште една жртва е пронајдено во урнатините на станбена зграда во Белгород, со што бројот на жртви се искачи на 17, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации за „Тасс“.
Белгород и неговата околина беа изложени на масовно украинско гранатирање во неделата. Русите тврдат дека остатоците од еден од соборените проектили погодил десеткатница во Белгород, што предизвикало нејзино уривање.
Истражниот комитет на Русија почна истрага за тероризам.
Европа
Грузија го усвои контроверзниот „руски закон“, кој предизвика хаос во земјата
Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за странските агенти и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската Унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да му се приклучи на блокот.
Новиот закон ќе бара организациите што добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како агенти на странско влијание или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија ,кои Кремљ ги користел за да ги задуши опозицијата и граѓанското општество.
Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи на ист начин во нивната земја. Масовните демонстрации со денови го парализираат главниот град Тбилиси.
Грузискиот сон, владејачката партија која го протурка законот, возврати на критиките велејќи дека овој потег ќе ги промовира транспарентноста и националниот суверенитет.
Грузискиот парламент сега има 10 дена да го испрати нацртот до претседателката Саломе Зурабичвили, која веќе вети дека ќе стави вето.
Претседателката има две недели да го стори тоа, но парламентот може да го отфрли нејзиниот приговор со просто мнозинство.
Регион
Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ: закажани рочишта, телото на детето сѐ уште не е пронајдено
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар на 27 и 28 мај е закажан распитот на нови сведоци во врска со истрагата против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ, објавија српските медиуми.
Од обвинителството за „Танјуг“ велат дека е завршен дел од ДНК-испитувањето на примероците земени и од автомобилот што го управувале осомничените, а на нив не е пронајдена ДНК на девојчето.
Од таму додаваат дека вештачењето на движењата на возилата на осомничените врз основа на ГПС-уредот е во тек, а психијатриското вештачење на осомничените е завршено, но наодот и мислењето на вештачењето сѐ уште не се доставени до Обвинителството.
Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во притвор е и таткото на Дејан, кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Братот на Дејан Д., Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на Полициското одделение во Бор при приведувањето.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детаљни проверки на сите индиции и информации, ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобилот, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.