Свет
Издадени предупредувања поради густиот смог и временските услови во Азија

Невообичаено високото ниво на смог и временските услови го вклучија алармот во цела Азија, а властите на Тајланд на граѓаните им делат заштитни маски.
Во Бангкок, главниот град на Тајланд, властите дистрибуирале 10.000 маски, прскаат со вода за да се спушти прашината и воведоа строги контроли кога големи камиони може да се движат по градските улици, објави агенцијата АП.
Секретаријатот на Кралската авијација соопшти дека се подготвува да распореди два авиона за прскање со вода меѓу вторник и петок доколку временските услови го дозволат тоа.
Во Јужна Кореја невообичаеното високото ниво на ПМ 2,5-честичките предизвика воведување итни мерки за намалување на опасностите за јавното здравје.
Националниот институт за истражување на животната средина во земјата вели дека дневниот просек од 120 микрограми на кубен метар од понеделникот попладне е најлош од почетокот на мерењето на ПМ 2,5-честичките во 2015 година.
Индиските градови се меѓу најзагадените во светот поради што индиската влада објави петгодишна програма за намалување на загадувањето 30 отсто во однос на нивото од 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.
Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.