Свет
Премиерката на Нов Зеланд покажа дека е најефикасен светски лидер за време на пандемијата
Пандемијата на коронавирус можеби е најголемиот тест за политичките лидери кој светот воопшто го видел досега. Светските лидери се пред предизвици, а меѓу нив, неочекувано се истакна новозеландската премиерка Џасина Ардерн. Секој лидер на планетата е соочен со истата потенцијална закана. Секој лидер реагира различно, во свој сопствен стил. И секој лидер ќе биде оценет според неговите резултати, пишува „Атлантик“.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја прифаќа науката. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја отфрла опасноста. Секојдневните брифинзи на американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат циркуски спектакл, додека индискиот премиер Нарендра Моди воопшто нема редовни брифинзи, дури и кога практично во карантин затвори 1,3 милијради луѓе.
Џасинда Ардерн, 39-годишната премиерка на Нов Зеланд, го отвора својот пат. Нејзиниот стил на водење на државата е повикување на емпатија во криза, која луѓето ги искушува да се борат само за себе. Луѓето сметаат дека Ардерн не им „држи предавања“ туку дека стои со нив, вели за „Атлантик“, Хелен Кларк, поранешна премиерка на Нов Зеланд од 1999 до 2008 година.
„Тие дури можат да помислат ‘па, не знам баш зошто владата го направи тоа, но знам дека се грижат за нас’. Постои висок степен на доверба во неа поради емпатијата. Таа е ‘комуникатор’“ рекла Кларк, забележувајќи дека Ардерн се стекнала со диплома за комуникации.
„Ова е вид на криза која или создава или уништува лидери. А ова ќе ја создаде Џасинда“, додала Кларк.
Како што наведува „Атлантик“, особено се важни нејзините вклучувања во живо преку „Фејсбук“, кои се и информативни и неформални, бидејќи во нив се појавува во „клучно издание“. Така направила и кога кон крајот на март најавила воведување мерки за затворање на државата.
Таа рекла дека и` е јасно дека луѓето се загрижени кога ја добиле пораката за новите мерки и ги смирила со објаснување како треба да се однесуваат. Џасинда ги оправдала острите мерки со практични примери: Луѓето не треба да патуваат, бидејќи што ако заминат на некое оддалечено место, а нивниот автомобил се расипе?
Џасинда рекла дека како родител знае дека е навистина тешко да се избегнуваат игралиштата, но вирусот може да опстане на површините до 72 часа. Ардерн очекувала дека затворањето ќе трае неколку недели, а дека случаите ќе растат.
„Поради начинот на кој се однесува коронавирусот нема да видиме позитивни користи од напорите кои ќе ги вложите во самоизолација….најмалку 10 дена. Немојте да бидете обесхрабрени“ рекла Ардерн.
Премиерката на Нов Зеланд има и брифинзи со своите соработници и новинарите.
„Трамп има брифинзи, но тоа е поинакво шоу. Никогаш Џасинда не нападнала новинар кој поставил прашање“ рекла Кларк, повикувајќи се на честите испади на американскиот претседател и караниците со новинарите.
Ван Џексон, експерт за меѓународни односи од Универзитетот Викторија во Велингтон, вели дека Џасинда не ја префрла вината на други и дека не се занимава со разни дезинформации. Според Џексон, премиерката најмногу се повикува на тоа луѓето да бидат добри едни према други.
Иако се чини дека на опуштен начин се обидува да ја реши кризата, вистина е дека пристапот на Ардерн е исклучително ефикасен.
Ноз Зеланд кон епидемијата реагираше со брзи и строги мерки поради кои во земјата има многу малку заболени и жртви отколку во другите земји. И не само тоа, Нов Зеланд се обидува во целост да го уништи вирусот, преку широко тестирање на Ковид-19. Исто така, здравствениот систем не е оптоварен, новите случаи го достигнаа врвот на почетокот на април, а до денеска од коронавирус починале 12 луѓе од речиси 5 милиони жители.
Дури 88 проценти од испитаниците во една анкета на агенцијата „Колмар Брунто“ рекле дека имаат доверба во владата и нејзината борба против коронавирусот, а дури 84 отсто го одобрува нејзиниот одоговр на пандемијата.
Во меѓувреме, земјата најави дека ќе олабави дел од мерките воведени против пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

