Свет
Пресврт во Британија: Врховниот суд пресуди дека суспензијата на парламентот е незаконска

Врховниот суд на Велика Британија донесе одлука дека суспензијата на парламентот до 14 октомври што ја прогласи премиерот Борис Џонсон е спротивна на законот, пренесува „Спутник“.
Претседателката на Врховниот суд, Бренда Хејл, оцени дека препораката на Џонсон до кралицата да го распушти парламентот била незаконска, ништовна и без последици.
Одлуката е донесена едногласно со гласовите на 11 судии. Судот во одлуката вели дека владата не успеала да ја оправда одлуката за распуштање на парламентот.
Хејл за одлуката на Џонсон рече дека влијаела врз темелите на демократијата.
„Парламентот, со избрани претставници на народот, има право на глас. Ефектот врз нашата избрана демократија е екстремен“, рече таа.
Џоана Чери од Шкотската национална партија, според чија тужба Врховниот суд ја донесе одлуката, смета дека Џонсон би требало да ја направи единствената пристојна работа и да поднесе оставка.
Џонсон во август соопшти дека работата на парламентот ќе биде прекината до 14 октомври. Како што тогаш беше соопштено од канцеларијата на премиерот, тој побарал од кралицата да го суспендира парламентот до средината на следниот месец за да се намали можноста пратениците да го блокираат брегзитот без договор.
Тие одлуки ја втурнаа Велика Британија во политички хаос каков што не е виден од 1940 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Рубио пристигна во Ерусалим, Израел го бомбардираше градот Газа уште пожестоко

Израелските сили уништија најмалку 30 станбени згради во градот Газа, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија палестински претставници, за време на посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио. Рубио пристигна во Израел вчера за да разговара за иднината на конфликтот.
Израел соопшти дека планира да го освои градот, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, како дел од својата наведена цел за елиминирање на милитантната група Хамас, со зголемени напади врз она што Израел го нарекува последното засолниште на Хамас.
Политичкото раководство на групата, кое беше вклучено во разговорите за евентуално прекин на огнот и ослободување на заложниците, беше цел на израелски воздушен напад врз Доха минатиот вторник, предизвикувајќи широка осуда.
Катар ќе биде домаќин на арапско-исламски самит денеска каде ќе се разговара за следните чекори. Рубио рече дека Вашингтон сака да разговара за тоа како да се ослободат преостанатите 48 заложници што се држат во Газа и да се обнови крајбрежниот појас. Се верува дека само 20 од 48-те заложници се живи.
„Што се случи, се случи“, рече тој. „Ќе се сретнеме со израелското раководство. Ќе разговараме за тоа што носи иднината“, рече Рубио пред да се упати кон Израел, каде што ќе остане до вторник.
Кога пристигна во Ерусалим, Рубио го посети еврејскиот молитвен ѕид.
Посетата на ѕидот означува „американска потврда за Ерусалим како вечен главен град на Израел“, според соопштението на Стејт департментот. На крајот на 2017 година, за време на неговиот прв претседателски мандат, Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел и ја пресели американската амбасада таму од Тел Авив.
фото: принтскрин
Свет
Украина потврди напад врз најголемиот руски нафтен терминал на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека специјалните единици на украинската служба за безбедност (СБУ) нанеле значителна штета на најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море во Приморск.
„Најефикасните санкции се пожарите во руските рафинерии и терминали. Го ограничивме рускиот нафтен сектор, а со тоа и нивната воена машина“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски се заблагодари на украинските специјални сили за „одлично завршената работа“ и најави натамошно јакнење на домашното производство на оружје.
Нападот, кој се случи на 12 септември, резултираше со пожар во нафтенoто пристаниште Приморск, а според медиумските извештаи, оштетени се и два руски танкери.
Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.