Свет
Претседателот на Иран: САД сега се најслаби, а ние сме посилни од кога било
По посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Израел, каде што беше потпишана декларација за блокирање на иранското нуклеарно оружје, сега нивните функционери жестоко реагираа.
Иранските власти ги испратија своите први реакции по потпишувањето на т.н. ерусалимска декларација меѓу САД и Израел. Се наведува дека на Иран ќе му се скрати набавката на нуклеарно оружје.
Први се огласија претставниците на Министерството за надворешни работи на Иран, кои нагласија дека главната цел на Вашингтон е одржување лажна безбедносна состојба во Израел.
„Сè додека лажната држава Израел е првата станица во посетите на американскиот претседател на регионот, како и одржувањето на нивната безбедност и супериорност, земјите од Блискиот Исток нема да постигнат мир и стабилност“, изјави претставник на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Многу поостар одговор на декларацијата од Ерусалим дојде од иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој рече дека Иран е посилен од кога било досега и ги предупреди САД внимателно да ги планираат своите следни чекори.
„Иранската нација нема да прифати каква било несигурност и криза во регионот, а муслиманските народи се исто така згрозени од понижувачките односи на нивните влади со Соединетите Американски Држави, што доведе до грабеж на националното богатство на нивните земји“, рече Раиси.
Во контекст на зајакнувањето на Израел, Раиси објасни дека владата на оваа земја не смее да има алчен однос кон Блискиот Исток и Азија.
„Исламската Република Иран затоа смета дека интервенцијата на ционистичкиот режим во регионот нема друга намера, освен да создаде криза. Работата на тој режим е секогаш транзит на несигурност и тероризам во целиот регион“, објасни тој.
На крајот тој се осврна на акциите на Западот кон Иран.
„Иран ги смета Американците послаби од кога било досега, а како што тврди Западот, нивната политика на максимални санкции, притисок и закани против Иран не успеа. Затоа тие не смеат да се обидуваат да ја повторат својата претходна неуспешна политика“, заклучи Ебрахим Раиси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.