Европа
Претседателот на италијански регион: Забрзајте го одобрувањето на „спутник В“

Претседателот на регионот Кампанија, Виченцо де Лука, рече дека владата не треба да зборува глупости, туку треба да се посвети на забрзување на времето за одобрување на руската вакцина „спутник В“ за да не чекаат со месеци, пренесува весникот „Ил фато Котидијано“.
Де Лука рече дека регионот Кампанија ѝ дава предност на руската вакцина против коронавирусот, но договорот за набавка може да се потпише само откога лекот ќе биде одобрен од Европската агенција за лекови (ЕМА) и италијанската национална агенција АИФА.
„Ова не е вообичаено време на администрација, туку војна. И бидејќи има вакцини, како ‘спутник В’, која се применува на милиони луѓе во други делови на светот, нејзината ефикасност може лесно да се провери за еден месец, а не за шест месеци“, тврди Де Лука.
Весникот потсетува дека ЕМА досега неколкупати го менуваше датумот кога може да го објави својот став за руската вакцина.
Во Италија, пак, планот за вакцинација против Ковид-19 сè уште заостанува, најмногу поради недостиг на вакцини, кои се порачани и платени, но производителите не ги доставуваат договорените количини.
Од вкупно 62 милиона жители во Италија, досега се вакцинирани 6,5 милиони, а втората доза на лекот ја примиле околу 3 милиони граѓани.
За денес е најавена средба меѓу премиерот Марио Драги и претседателите на регионите, на која тие треба да се договорат за вакцинирањето.
Според првичниот план, од декември минатата година 15 милиони луѓе требаше да бидат имунизирани до април.
Планот за масовна вакцинација досега е сменет неколкупати, а оној што е во сила важи за вакцините што допрва треба да се достават.
Во Италија се користат претходно нарачани вакцини преку системот „Ковакс“ на Европската Унија, а граѓаните не може да изберат која вакцина ќе ја примат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин