Свет
Пригожин: „Вагнер“ патролира низ џунглите во африканските земји
Единиците на руската приватна воена компанија „Вагнер“ патролираат низ џунглата во разни африкански земји и ги елиминираат терористите, вели основачот на компанијата, Евгениј Пригожин.
„Секако дека сме присутни на континентот“, истакна тој во интервју за порталот DefenceWeb.
Објаснувајќи ја улогата на „Вагнер“ во Африка, Пригожин посочи дека на почетокот не биле фокусирани на Африка, која првпат им се појавила на радарот кога „Вагнер“ се борел во Сирија (Русија почна да го поддржува Ал Асад во 2015 година) и покажал екстремна ефикасност во уништувањето на ИСИС.
Бранејќи ги активностите на својата компанија во Африка, Пригожин истакна дека неговата мисија на континентот е борба против тероризмот и да им помогне на земјите да ги ослободат своите територии од бунтовници.
„Ние сме во Африка за да ги заштитиме оние што бараат помош од нас. За да ги заштитиме африканските цивили, да ги заштитиме нивните национални интереси од терористи и бандити, некои од нив воопшто немаат африканско потекло. Ова е направено исклучиво со средствата што ги имам заработено како бизнисмен“, истакнува Пригожин.
Тој ги отфрли тврдењата за убиства на цивили предизвикани од борците на „Вагнер“ во Централноафриканската Република и Мали како целосна лага.
„Тоа го прават Французите и Американците, кои не успеваат да ги уништат милитантите и терористите на глобално ниво бидејќи се мрзливи и, искрено, бескорисни. Тие се навикнати да седат во своите бази и да се чуваат себеси додека ние патролираме низ џунглата и ги уништуваме терористите“, вели Пригожин.
Пригожин нагласи дека „Вагнер“ не е финансирана од руската влада и дека сите средства за неговото работење доаѓаат исклучиво од неговите деловните зделки.
Тој исто така истакна дека „Вагнер“ работи само за легитимни влади и дека не е вклучен во какви било заговори за државен удар, ниту во помагање на терористите да се „вкотват“ во која било земја.
Според Пригожин, единствениот конфликт во кој „Вагнер“ се вклучил и не е на страната на актуелната влада е во Донбас, во источна Украина, каде што им помагаше на народните милиции во самопрогласените републики Донецк и Луганск помеѓу 2014 и 2015 година.
„Вагнер“ во моментот ги предводи и напорите за заземање на источниот украински град Бахмут. Според Пригожин, „Вагнер“ „секогаш е на вистинската страна на правдата“ кога одлучува кои договори да ги прифати, а кои да ги одбие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

