Свет
Пригожин го прекинал молкот и објавил снимка: „Очекувам нови победи на фронтот“
Објавена е аудио снимка на која шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди дека неговиот „марш на правдата“ бил насочен против предавниците и дека очекува „нови победи на фронтот“.
Аудио снимката ја објави телеграмскиот канал Siva Zona, кој според руските медиуми е тесно поврзан со Вагнер групацијата.
„Денес повеќе од кога било ни е потребна вашата поддршка. Ви благодарам за тоа. Сакам да разберете дека нашиот марш на правдата имаше за цел да се бори против предавниците и да го мобилизира нашето општество. И мислам дека постигнавме многу“, рекол Пригожин.
„Во блиска иднина, сигурен сум дека ќе ги видите нашите нови победи на фронтот. Благодарам момци“, рекол тој. Не е јасно на чии победи точно се повикува.
Не е познато кога е снимено аудиото, а неговата последна изјава беше објавена на 26 јуни. По завршувањето на бунтот против руските власти, тој потоа рече дека Вагнер се покажал како најефективната борбена формација во Русија.
Пригожин последен пат беше виден во јавноста во возило во Ростов-на-Дон на 24 јуни, додека бунтот сè уште траеше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Братот на принцезата Дијана: Интервјуто на „Би-би-си“ директно доведе до нејзината смрт
Братот на принцезата Дијана, грофот Чарлс Спенсер, изјави дека интервјуто што Дијана го дала за „Би-би-си“ во 1995 година директно довело до нејзината смрт. Спенсер повторно проговори речиси три децении по трагедијата, поврзувајќи ја измамата при обезбедувањето на интервјуто со несреќата во Париз во 1997 година.
Неговите тврдења доаѓаат четири години по интерната истрага која утврди дека новинарот Мартин Башир користел измамни тактики за да го добие разговорот со Дијана. Спенсер за People изјави дека во BBC имало високопозиционирани лица кои учествувале во ова и дека токму тоа ја направило Дијана ранлива.
Бившиот приватен секретар на Дијана, Патрик Џефсон, потсети дека Башир покажувал фалсификувани банкарски извештаи и дека тоа ја довело Дијана во „оправдана анксиозност“. Башир лажно тврдел и дека тогашниот принц Чарлс имал афера со дадилката на Вилијам и Хари, придружувајќи ги наводите со измислени документи.
Според Џефсон, измамата имала разорно влијание и ја натерала Дијана да не им верува на службите за безбедност, што ја оставило во рацете на неквалификувани лица.
BBC ја призна својата одговорност и јавно се извини. Истото го направи и Башир, кој повторно изрази жалење што побарал да се фалсификуваат банкарски документи.
Свет
Мртво бебе пронајдено во отпад во Германија
Во постројка за селекција на отпад во германскиот град Бремен утрово е пронајдено тело на мртво бебе, пренесе германскиот портал Stern.de. Телото околу 9:10 часот го забележал вработен кој работел на обработка на отпадот во индустриската пристанишна зона, потврди полицијата.
Новинар на германската новинска агенција ДПА навел дека на локацијата набргу по пронаоѓањето пристигнало возило од погребна служба. Идентитетот на детето, околностите на смртта и информациите за можните родители засега не се познати.
Властите отворија истрага за да утврдат под кои околности бебето завршило во отпадот и дали било живо кога било оставено во контејнерот. Полицијата соопшти дека засега не може да изнесе никакви заклучоци за можно кривично дело.
Местото на настанот се наоѓа во деловна зона на индустриските пристаништа северно од реката Везер. Според снимките од локацијата, станува збор за простор каде што има комерцијален отпад, вклучувајќи градежни материјали и пластика. Во близина се наоѓаат и други индустриски објекти, меѓу кои челичарница и градилиште на тунелот за автопатот А281.
Свет
Извор: САД и Украина напредуваат, но остануваат разлики во три клучни точки
Извор директно запознаен со разговорите изјави дека меѓу САД и Украина е постигнат напредок во формулирањето на нов нацрт-предлог за завршување на војната, но дека и понатаму постојат значајни разлики и не е постигната согласност за конечниот текст.
Изворот објаснил дека постојат најмалку три клучни области во кои сè уште има разлики. За чувствителното прашање дали Украина ќе отстапи територија што Русија сè уште не ја зазела, тој навел дека одлука сè уште не е донесена. „Би било многу погрешно да се каже дека сега имаме верзија што Украина ја прифаќа“, изјавил изворот.
Во врска со предлогот Украина да го ограничи бројот на својата војска на 600.000 војници – бројка што беше предвидена во планот од 28 точки кој протече минатата недела – изворот за CNN кажал дека е предложена нова бројка, но дека Киев сака дополнителни промени пред да биде подготвен да се согласи.
За прашањето Украина да се откаже од својата амбиција да стане членка на НАТО, изворот за CNN навел дека овој услов е неприфатлив. Тој тврди дека таков отстапок би поставил „лош преседан“ со кој на Русија би ѝ се дало ефективно право на вето врз нечие членство во НАТО.

