Свет
Пригожин им се налути на Русите и им порача да прекинат да лажат
Борбите за Бахмут траат осми месец. Во време на голема украинска контраофанзива, која ослободи огромна територија во близина на Харков, Бахмут беше познат како единственото место каде што Русите напредуваа.
Уште тогаш се очекуваше падот на градот, а во неколку наврати Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер кој е задолжен за овој град, изјави дека освојувањето на градот е само прашање на денови.
Сепак, тоа се уште не се случило. Иако Украинците се притиснати во западните делови на градот, во последните денови се случија неколку значајни работи.
Во неколку наврати, Украинците изведуваа помали, локализирани контранапади кои беа успешни. Во текот на изминатите четири дена, руските сили во неред се повлекоа од своите позиции на јужното крило на Бахмут, објави во саботата британското Министерство за одбрана.
По тоа повлекување, украинските сили повратија најмалку еден километар територија. Москва во петокот призна дека нејзините сили се повлекле северно од Бахмут по нова офанзива, за што шефот на приватната армија на Вагнер, Евгениј Пригожин рече дека е пораз.
Тој обвинини дека не испратиле доволно муниција во Бахмут. Во неколку наврати, изразил страв дека неговите сили ќе бидат отсечени во случај на украински контранапад, бидејќи не можел да смета на редовните руски сили.
Последниве денови Пригожин не го крие својот гнев и практично секојдневно има гневни испади во кои ги обвинува Русите за се и сешто. И вчера ги повтори обвинувањата дека редовните руски сили се предале и побегнале и на тој начин им дозволиле на Украинците кај Бахмут да заземат повисоки и подобри позиции.
Пригожин вели дека за целосно да го освои Бахмут, Вагнер требало да окупира околу 20 високи згради.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес ја погоди Албанија: Се стресе во близина на границата со Црна Гора
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија.
Земјотресот се случил во 2 часот и 20 минути по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на 28 километри од Скадар.
Со оглед на тоа што земјотресот бил со помал интензитет, се претпоставува дека нема повредени и поголема материјална штета.
Свет
Израел ги засили воздушните напади врз Рафа, тенкови се пробиваат на северот на Газа
Израелските тенкови со воздушна и копнена поддршка денеска направија дополнителен пробив во Џабали на северот од Појасот Газа, јавуваат тамошните жители и Хамас, додека јужен Рафа е исто така под воздушни напади.
Во Џабалија, тенковите се движат кон центарот на кампот.
Жителите известуваат дека тенкови го гаѓаат центарот на кампот и дека се уништени десетици куќи. Израелската армија принуди стотици Палестинци да ги напуштат своите засолништа, пишува Ројтерс.
Во Рафа, во близина на границата со Египет, Израел ги засили воздушните напади врз источните делови на градот.
Жителите известуваат дека сега се стационирани тенкови на улицата Салахудин, која минува низ источните делови на градот, а автопатот е блокиран поради жестоките борби. Се додава дека источните делови на Рафа станале „град на духови“. Хамас објави дека неговите борци се борат со израелските сили на улиците источно од Рафа и источно од Џабалија.
Израелската војска неколкупати ги вклучи сирените во област во близина на Газа, предупредувајќи на потенцијален прекуграничен оган. Израелската војска доцна во саботата објави дека го спречила Хамас да ги обнови своите воени капацитети во Џабалија.
„Бомбардираа насекаде, дури и во близина на училиштата во кои беа сместени бездомниците“, вели 45-годишниот Саед.
Регион
Земјотрес ја погоди Хрватска, се стресе кај Петриња: „Нѐ разбуди, куќата ми се стресе кратко и силно“
Послаб земјотрес со јачина од 1,7 степен според Рихтеровата скала е почувствуван во 4.35 часот во Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар од Загреб и 20 километри од Велика Горица на длабочина од осум километри.
Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил почувствуван на подрачјето на Петриња и Сисак, пишува „24сата.хр“.
„Куќата ми се затресе силно и кратко, како гром. Повторно се будам со познатиот звук и чкрипењето на куќата“, напиша сведок од Петриња на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
„Тежок тресок, гадно будење“, „Истовремен татнеж и тресок“, „Ова беше за будење. Кратко траеше. Како да е под куќата“, „Звук и краток силен удар“, пишуваат сведоци.