Свет
Пригожин: Северна Кореја долго време не ѝ испорачала никакво оружје на Русија
Сопственикот на приватната руска воена групација Вагнер, Евгениј Пригожин, ги отфрли како гласини и шпекулации тврдењата на САД дека групата добила пратка оружје од Северна Кореја.
„Сите знаат дека Северна Кореја долго време не ѝ испорачувала никакво оружје на Русија“, се вели во изјавата на Пригожин, пренесе „Ројтерс“.
Белата куќа објави дека групата Вагнер поседувала пратка оружје од Северна Кореја наменета за руските сили во Украина.
„Вагнер бара добавувачи на оружје ширум светот за да ги поддржи неговите воени операции во Украина. Можеме да потврдиме дека Северна Кореја минатиот месец му достави на Вагнер противпешадиски ракети и проектили на Русија“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја го демантираше медиумскиот напис дека Пјонгјанг и понудил муниција на Русија, велејќи дека никогаш не била извршена трансакција со оружје меѓу двете земји, објави денеска севернокорејската официјална новинска агенција KCNA.
„Лажниот извештај на јапонските медиуми дека КНДР и понудила муниција на Русија е најапсурдната измама, која не е достојна за никаков коментар или толкување“, рече портпаролот на Министерството во изјавата објавена од КЦНА, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

