Свет
Признавањето на Луганск и Донецк веќе утре може да биде на дневен ред во руската Дума

Шефот во Комитетот на државната Дума за Заедницата на независните држави, Леонид Калашников, денеска изјави дека долниот дом на рускиот парламент утре на пленарна седница ќе ја разгледа можноста за признавање на самопрогласените Луганска и Донецка Народна Република доколку претседателот Владимир Путин претходно достави такво соопштение.
„Доколку претседателот денеска или утре даде изјава со која ги признава ЛНР и ДНР, ќе разговараме за тоа утре во државната Дума“, изјави Калашников за „РИА новости“.
На почетокот на денешната вонредна седница на Советот за национална безбедност, Путин изјави дека главна цел на таа средба е да се утврдат чекорите поврзани со кризата во Донбас, особено имајќи го предвид повикот на лидерите на самопрогласените ЛНР и ДНР за Русија да го признае нивниот суверенитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, има многу жртви

Ноќеска Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, дури и во региони далеку од линијата на фронтот.
Украинскиот заменик-министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави дека Русија употребила стотици беспилотни летала и ракети во овој напад. Според извештаите на украинските медиуми, пет руски бомбардери Ту-95 полетале од аеродромот Олења во регионот Мурманск околу 1:45 часот по локално време. Недолго потоа, околу 2:25 часот, Воената администрација на градот Киев предупреди за лансирањето на авионот МиГ-31К, што предизвика тревога низ целата земја.
Украинските воздухопловни сили дополнително во 3:52 часот наутро известија за веројатното полетување на бомбардерот Ту-95 од воздухопловната база Енгелс. Во текот на ноќта, бројни украински региони беа под закана од роеви беспилотни летала од типот „Шахед“, а експлозии беа регистрирани во Киев, Киевската област, Запорожје, Хмелницката област и Суми.
Најголема штета е регистрирана во Киев и Запорожје. Во главниот град, делумно е уништена петкатна зграда, а оштетена е станбена инфраструктура во неколку градски области, потврди началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко. Оштетени се и нестанбени згради и паркирани автомобили. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, извести дека најмалку пет лица се повредени и хоспитализирани.
„Ракети сè уште паѓаат врз градот“, рече тој, апелирајќи до граѓаните да останат во засолништа. Пожари избувнаа во неколку куќи и згради во близина на Киев. Во градот Фастив, пет работници беа повредени во пекарница која се запали за време на нападот. Во Запорожје, регионалниот центар на делумно окупираната област, руските сили нападнаа цивилна инфраструктура, изјави гувернерот Иван Федоров.
Девет куќи, 14 станбени згради, едно училиште и неколку производствени погони беа оштетени. Пет лица беа повредени во два напади во текот на ноќта.
Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.