Свет
Пристигнува таблета против Ковид-19, ќе се користи во комбинација со друг лек
До крајот на мај „Фајзер“ ќе ја заврши првата фаза од клиничките испитувања и тие веруваат дека до есен ќе ги имаат првите антивирални лекови против Ковид-19. Лекот досега беше именуван како PF-07321332 и во лабораториски услови се покажа како одличен во спречување на ширењето на вирусот Сарс-Ков-2, па веројатно и тестирањето на луѓе во САД и Белгија ќе биде еднакво успешно до крајот на годината, пренесува „Дејли мејл“.
Тоа е лек што може да ја види светлината на денот благодарение на тимови од научници, како проф. д-р Иван Џикиќ од Институтот „Гете“ во Франкфурт, кои се обидуваа да ги пронајдат слабите точки на вирусот.
Нивниот лек се базира врз насочено дејство на ензимите на вирусот, односно протеазата. Лекот спречува размножување на вирусот и е комплементарен со вакцините. Тоа значи дека можеме да го користиме кај вакцинирани и невакцинирани лица, како и кај секој што ќе биде заразен од Ковид-19 во иднина. Имено, вакцината работи против влегување на вирусот во клетките, а лекот дејствува на вирусот, кој веќе е во клетките“, објаснува проф. Џикиќ истакнувајќи дека лекот сам за себе веројатно не е ефикасен, но во комбинација со други лекови, научниците со текот на времето ќе развијат нови пристапи што ќе го направат поефикасен.
„Веројатно ќе го користиме во комбинација со лек против друг ензим наречен репликаза. Можеме да го споредиме со ХИВ затоа што го победивме на ист начин. Потребни беа, сепак, 30 години да се најде коктел од два лека и нивната комбинација ја отстрани опасноста од развој на сида“, рече Џикиќ.
„Фајзер“ објави дека лекот може да спречи развој на потешки форми на болест кај вакцинирани лица или како втора линија на одбрана во случај на појава на нови видови. Засега единствениот ефикасен начин да се заштитиме од болеста е вакцинацијата, но во „Фајзер“ почнаа клинички испитувања на антиковид-таблети врз 60 здрави субјекти бидејќи испитувањата врз животни беа успешни.
Ако резултатите останат ветувачки, тоа ќе се пресели во нови фази на тестирање врз поголем примерок од испитаници, па дури и британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела објави дека владата иницира специјални сили за откривање лекови со кои до есен Ковид-19 ќе стане болест што се лекува дома со помош на неколку таблети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.