Свет
Притисок врз американскиот министер за одбрана да објасни зошто ја криел вистината од Бајден
Претседателот на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом побара од министерот за одбрана Лојд Остин да сведочи пред панелот зошто не успеал навреме да ја открие својата неодамнешна хоспитализација, дури ни на претседателот Џо Бајден.
Остин од почетокот на годината е во болница поради лекување рак на простата. Неговиот неуспех да го извести Бајден навреме дека е хоспитализиран, предизвика критики од пратениците и ја изненади Белата куќа.
Тој помина две недели во болница со компликации од операцијата на рак на простата на 22 декември – која исто така првично беше чувана во тајност – и беше отпуштен во неговиот дом во Вирџинија во понеделникот.
„Конгресот треба да разбере што се случило и кој ги донел одлуките за да спречи откривање на локацијата“, напишал претседателот на комисијата Мајк Роџерс во писмото до Остин.
Остин (70) беше примен во воената болница Волтер Рид во Мериленд на 22 декември поради операција на рак на простата. Тој повторно беше хоспитализиран на 1 јануари поради компликации кои вклучуваат инфекција на уринарниот тракт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

