Свет
Проблем со списокот на заложници што треба да биде објавен денеска: Израел тврди дека Хамас го прекршува договорот

Израел доцна во неделата доби список од 11 заложници, кои се очекува да бидат ослободени во четвртиот круг од страна на Хамас во Појасот Газа в понеделник, но има проблем со списокот, објавија израелските медиуми.
Сепак, како што пренесува „Џерусалим пост“, семејствата на ослободените допрва треба да бидат известени.
Координаторот за заложници и исчезнати, Гал Хирш, во понеделникот наутро изјави дека израелските власти разговараат за списокот.
Изворите на израелските медиуми шпекулираат дека доцнењето со потврдувањето на списокот на семејствата може да биде резултат на уште едно прекршување на договорот за ослободување на заложниците меѓу Хамас и Израел, според кој семејствата не се разделуваат, односно мора сите членови на исто семејството да бидат ослободени во ист момент. „Џерусалим пост“ не го потврди ова тврдење.
Катарските посредници работат на решавање на проблемот и избегнување какво било одложување на планираните најави за денеска, изјави за „Ројтерс“ официјален претставник запознаен со ова прашање.
Досега 40 Израелци, главно жени и деца, се ослободени како дел од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Свет
Трамп: Многу сум разочаран од Путин, не мислам дека сака да престане, тоа е лошо

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово изјави дека е разочаран од телефонскиот разговор со Владимир Путин бидејќи рускиот претседател не изгледал дека сака да ја запре војната во Украина и додаде дека денес ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Напорите на САД дипломатски да ја прекинат војната на Русија во Украина во голема мера се во застој, а Трамп се соочува со растечки повици, вклучително и од некои републиканци, да го зголемат притисокот врз Путин да почне сериозни преговори.
По вчерашниот разговор со Путин, Трамп планира да разговара со Зеленски денес, изјави тој за новинарите по враќањето во Вашингтон од патувањето во Ајова.
„Многу сум разочаран од разговорот што го имав со претседателот Путин денес… Многу сум разочаран“, рече Трамп. „Само велам дека не мислам оти сака да престане, а тоа е лошо“.
Двајцата лидери не разговарале за неодамнешното запирање на испораките на оружје од САД во Киев за време на речиси едночасовниот разговор, покажа резимето доставено од помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.
Во рок од неколку часа по завршувањето на разговорот, руски напад со беспилотно летало запали станбена зграда во северно предградие на Киев, соопштија украинските власти, што укажува дека нема промена во водењето на војната од страна на Русија.
Во самиот Киев сведоци за „Ројтерс пријавија експлозии и постојан оган додека единиците за воздушна одбрана се бореа со беспилотни летала над главниот град.
[Q]: What was your call with Vladimir Putin today accomplished?
President Trump: We had a call. It was a pretty long call. We talked about a lot of things, including Iran. And we also talked about, as you know, the war with Ukraine. And I’m not happy about that.
[Q]: Did you… https://t.co/f3Yb379dfb pic.twitter.com/8gtZ9ITZ8v
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 3, 2025
„Воопшто не постигнав никаков напредок со него“, им рече Трамп на новинарите вчера.