Европа
Проекции за следните 50 години: Европејци ќе има сè помалку, 30 отсто ќе бидат старци
Европската комисија го усвои првиот извештај за влијанието на демографските промени, кој дава преглед на состојбата во земјите членки на ЕУ и долгорочните последици од овие промени.
„Овој извештај е многу важен затоа што без него не би можеле да продолжиме да работиме во мојот оддел“, рече потпретседателката на ЕК, Дубравка Шуица, задолжена за демографија и демократија.
Извештајот беше задача на Шуица во првите шест месеци од мандатот.
Тој всушност е поширока слика за ситуацијата, а сега следи т.н. Зелената книга за стареење, а потоа и долгорочна стратегија за рурален развој.
Зелената книга е вид документ што го објавува ЕК кој служи како основа за јавни консултации за одредено прашање на европско ниво. Зелената книга може да резултира со објавување Бела книга во која заклучоците од дебатата се презентирани во форма на предлози за конкретни активности.
Извештајот укажува на намалениот удел на Европејците во светската популација, кој се очекува дека во 2070 ќе биде помал од четири проценти.
Очекуваниот животен век за жените до 2070 година ќе биде во просек 90 години споредено со денешните 83,7 години, а за мажите 86 години во однос на денешните 78,2 години.
До 2070 година, 30,3 проценти од европското население ќе биде над 65 години, наспроти 20,3 проценти во 2019 година, а 13,2 проценти од населението ќе биде над 80 (5,8 проценти во 2019 година).
Бројот на активно работно население на возраст меѓу 20 и 64 години опаѓа веќе десет години, а до 2070 година се очекува пад од 18 проценти.
„Кризата откри голем број слаби точки, од кои некои се поврзани со радикалните демографски промени што веќе влијаат врз нашите општества и заедници низ цела Европа“, вели Шуица.
„Справувањето со демографските промени е клучно за градење поправедно и поотпорно општество“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон
Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата.
Аеродромот беше затворен од 22:00 до 22:45 часот откако пилот пријавил дека го видел дронот, изјави портпаролот на полицијата за ДПА.
Според првичните извештаи, дронот летал над блиската индустриска зона, а три авиони биле пренасочени. Другите успеале да слетаат и полетаат, но со мали доцнења.
Еден од пренасочените авиони требало да пристигне од Франкфурт, но бил пренасочен кон Хамбург, објави дпа.
Дроновите во последните денови постојано го прекинуваат воздушниот сообраќај во други делови од Германија.
Во недела, летовите на аеродромот во Бремен беа прекинати речиси еден час поради видување дрон, додека во петокот вечерта, аеродромот Берлин Бранденбург беше затворен околу два часа од истата причина.
Дроновите претставуваат сериозен безбедносен ризик во близина на аеродромите бидејќи можат да ги попречат полетувањата и слетувањата на авионите.
Според дпа, германската контрола на воздушниот сообраќај регистрирала неколку инциденти со дронови на аеродромите во Бремен и Хановер оваа година.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Путин: Почна сериското производство на „Орешник“
Русија започна масовно производство на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, објави рускиот претседател Владимир Путин. Соопштението доаѓа речиси една година откако Путин вети во декември 2024 година дека оружјето ќе биде масовно произведено „во блиска иднина“, објавува „Киев Индепендент“.
Зборувајќи на церемонијата на доделување награди на развивачите на руската ракета „Буревестник“ и подводниот дрон „Посејдон“, Путин ја пофали состојбата на руската одбранбена технологија и рече дека масовното производство на „Орешник“ е во тек.
„Го развивме и распоредивме ракетниот систем со среден дострел ‘Орешник’, започнавме масовно производство и ги опремивме нашите интерконтинентални балистички ракети и ракети лансирани од подморница со модерни антибалистички ракетни системи“, рече тој.
We have begun serial production of the Oreshnik system – Putin pic.twitter.com/iZo1BXPx2N
— Ignorance, the root and stem of all evil (@ivan_8848) November 4, 2025
Русија првпат ја употреби својата експериментална ракета „Орешник“ во нападот врз украинскиот град Днепар на 21 ноември минатата година, што Путин рече дека е одмазда за употребата на американски и британски ракети со долг дострел од страна на Украина против руска територија.
„Орешник“ е дизајниран да носи нуклеарно оружје, иако Путин потврди дека во нападот врз Днепар не е употребена нуклеарна боева глава. Уште во 2024 година, Путин тврдеше дека „Орешник“ е нов изум што може да лета десет пати побрзо од звукот и не може да биде пресретнат од западните системи за воздушна одбрана – тврдење што го негираше украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Иако се објавени малку детали за ракетата, аналитичарите за одбрана веруваат дека „Орешник“ е надградена верзија на рускиот систем RS-26 Рубез, првпат развиен во 2011 година.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Пресретната подморница што превезувала повеќе од 1,7 тони кокаин пловела кон Европа
Четири лица се уапсени откако португалските власти пресретнаа подморница за дрога што превезувала повеќе од 1,7 тони кокаин во средниот Атлантик. Полуподморницата се движела кон Пиринејскиот полуостров и била запленета во последните денови, потврдија официјални лица.
Објавени се и снимки на кои се гледа како полицијата и морнарицата го опкружуваат бродот пред да се качат на него, да ја запленат дрогата и да го апсат четиричлениот екипаж, за кои се вели дека се од Јужна Америка.
🚨Tal como lo advertí
🇻🇪Ahora el cartel de los soles dirige toda su carga hacia europa
🇵🇹Portugal intercepta narcosubmarino con 1,7 toneladas de cocaína y detiene a cuatro tipulantes venezolanos
— YO SOY 🇻🇪🇺🇸✈️ (@ElGanadorHenry) November 4, 2025
Центарот за поморска анализа и операции со седиште во Лисабон добил информации дека криминална организација се подготвува да испрати подморница натоварена со кокаин во Европа.
Неколку дена подоцна, португалски брод успешно ја лоцираше подморницата на приближно 1.000 наутички милји (1852 км) од брегот на Лисабон, во операција поддржана од Националната агенција за криминал на Велика Британија и Администрацијата за борба против дрога на САД.

Осомничените – двајца Еквадорци, еден Венецуелец и еден Колумбиец – беа притворени откако беа изведени пред суд. Витор Ананијас, шеф на португалската полициска единица за борба против дрога, рече дека нивните различни националности покажуваат дека организацијата што стои зад нив не е со седиште само во една земја.

