Свет
Пронајдена плантажа со марихуана вредна милијарда долари во Калифорнија
За време на операцијата, која трае околу десет дена длабоко во ридовите на пустинската област во близина на Лос Анџелес, беа запленети 16 тони марихуана.
Калифорниската полиција откри огромна нелегална плантажа со марихуана во близина на Лос Анџелес, што ќе донесе милијарда долари при продажба на улица, заплени 370.000 растенија, а досега се уапсени 131 лице.
Полициските службеници соопштија дека за време на операцијата, која траела десет дена, биле запленети 16 тони марихуана и дека продолжува ангажманот на стотици полицајци, пренесуваат регионалните медиуми.
Тоа е толку голема плантажа што полицијата досега уништи само 205 од речиси 500 пластеници и собра само 40 проценти од вкупната количина марихуана одгледана таму, соопштила полицијата.
Тие објасниле дека насадот е поврзан со банди за трговија со дрога.
Гласачите во американската држава Калифорнија ја легализираа марихуаната за рекреативни цели во 2016 година, а легалната продажба почна во 2018 година.
Откриената плантажа, чувана од вооружени чувари на бандите, е нелегална, скриена длабоко во ридовите на пустинската област и се наводнува со украдена вода од мрежата на противпожарни хидранти и нелегални бунари.
Растот на стеблата, велат властите, е поттикнат од употреба на забранети, токсични хемикалии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

