Свет
Пронајдени единаесет деца во пустина во Ново Мексико
Полицијата во Ново Мексико по добиена порака пронашла единаесет деца во пустина.
Пораката што ја добила полицијата гласела: „Ние сме гладни, потребни ни се храна и вода.“
Безбедностните служби успеале да ги спасат 11 деца кои веќе извесен период живееле во напуштен обејкт во пустината, без храна и вода.
Децата се на возраст од 1 до 15 години. Тие на себе немале чевли и, според информациите од локалната полиција, на себе носеле парталави алишта.
Во напуштениеот објект во кој живееле децата имало и пет возрасни лица, двајца мажи биле и вооружени.
Вооружените лица се приведени, а покрај нив уапсени се и три жени, кои по полициско испрашување се пуштени на слобода.
Полицијата извршила целосен претрес во објектот.
Шерифот на локалната полиција во изјава за медиумите посочил дека децата биле гладни, жедни и валкани.
„Полицаец сум веќе 30 години, никогаш досега не сум видел вакво нешто, ова беше просто неверојатна и страшна глетка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Возачот на автомобилот најверојатно влегол во погрешна лента, објави Дачиќ по тешката несреќа во Младеновац
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ зборуваше за тешката сообраќајна несреќа во која беа повредени 37 лица, што се случи утринава во Младеновац и изјави дека уште еднаш апелира до учесниците во сообраќајот да бидат многу внимателни. Тој додаде дека постојат можности возачот на спортското возило да е виновен за несреќата и дека најверојатно влегол во погрешна лента.
Дачиќ рече дека постои сомневање дека возачот директно удрил во автобусот во Младеновац.
– Уште еднаш би сакал да апелирам до сите учесници во сообраќајот навистина да бидат многу, многу внимателни. И еве, според пријавите што ги добив од сообраќајната полиција, се уште се врши истрага, но се чини дека за несреќата всушност е виновен возачот на спортскиот автомобил и што извртел на погрешна лента и удрил во автобусот директно, лента која оди во спротивната насока“ рече министерот.
Додаде дека ова се моменталните информации што ги добил од полицијата, но истрагата е во тек.
– Но, уште еднаш велам, јас секогаш кога ви давам информации, морам да кажам дека тоа е информација што сега ја добивам од полицијата, дали истрагата ќе покаже така или не, не знам – додаде тој.
Дачиќ изјави дека на патиштата во Србија веќе неколку дена се спроведува зголемена контрола на сообраќајот.
Тешката сообраќајна несреќа се случи утринава кај Младеновац, а возачот на автомобилот загина на лице место, додека 37 лица се повредени. Директниот судир се случил утрово во 5 часот и 40 минути.
Предниот дел од автобусот, како и патничкото возило биле целосно згмечени, а делови биле расфрлани по целиот коловоз.
Свет
Северна Кореја и испрати балони полни со измет на Јужна Кореја, стаса и предупредување: „Останете во затворено“
Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја, јавуваат светските медиуми.
Северна Кореја пуштила 90 балони со пропагандни летоци и ѓубре над две гранични провинции на југ, што ги навело властите да ги предупредат жителите да останат во затворено и да не ги допираат балоните и пластичните кеси затоа што содржат „валкан отпад и ѓубре“ , пишува на Би-Би-Си.
Северна и Јужна Кореја користеле балони во нивните пропагандни кампањи од Корејската војна од 1950 -тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена откако Северна Кореја рече дека ќе се возврати на „честото ширење на летоци и ѓубре“ во граничните области од активисти на Југот.
„Еден куп стара хартија и нечистотија наскоро ќе бидат расфрлани низ граничните области и внатре во Јужна Кореја“, рече заменик министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг Ил во изјава за државните медиуми.
Јужнокорејската новинска агенција објави дека „се чинеше дека некои од паднатите балони носат измет, судејќи според темната боја и мирисот“ “
Јужнокорејската армија го осуди делото како „очигледно кршење на меѓународното право“.
„Ова сериозно ја загрозува безбедноста на нашиот народ. Северна Кореја е целосно одговорна за она што се случува заради балоните и силно ја предупредуваме Северна Кореја веднаш да ја прекине оваа нехумана и груба акција“, рече армијата.
Свет
Стејт департментот: САД жалат за трагичната загуба во Рафа, но Израел има право да го нападне Хамас
Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави „длабоко жали за трагичната загуба”, што е резултат на израелскиот напад врз кампот Опегро во градот Рафа во јужна Газа, во која загинаа најмалку 45 луѓе, изјави Метју Милер, но додаде дека „Израел има право да тргне по терористите на Хамас одговорни за ладнокрвното убиство на цивили“.
„Како што рековме порано, Израел има право да тргне по терористите на Хамас одговорни за студеното убиство на цивили, а Хамас треба да престане да се крие зад цивилите во Газа. Но, Израел, исто така, има обврска да стори сé што е можно за да се минимизира штетата на цивилите додека ги извршува своите операции “, заклучи Милер.
Истакна дека сега се во контакт со израелските власти од нападите во неделата, додавајќи дека Вашингтон нема да ја прави понатамошна проценка по ова прашањње сè додека израелската армија не ја заврши истрагата, стои во извештаите на „Тајмс оф Израел“.
Тој истакна дека израелските операции во Рафа сè уште не преминале „во она што сега го дефинираат како голема офанзива“.
„Ние продолжуваме да ги поддржуваме нивните сили додека го прогонуваме легитимниот терорист Хамас, и секако ова вклучува употреба на оружје обезбедено од Америка, но очекуваме тие да го сторат на начин што ја минимизира штетата на цивилите“, заклучи Милер.
„Спротивно на настапите од последните неколку часа, ИДФ не погоди хуманитарна зона“, изјави израелската армија.